Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Електронско банкарство

Нов модул во електронското банкарство на Силк Роуд Банка AД Скопје

Објавено

на

Во насока на поедноставување и олеснување на процесот на исплата на плати, Силк Роуд Банка ги информира сите правни лица дека почнувајќи од денес (05.06.2018 година) воведе нов модул во апликацијата за електронско банкарство со можност за вчитување на фолио за плати.

Имено, сега сите правни лица кои имаат сметка во банката вчитувањето на фолиото за платите на вработените може да го направат електронски преку апликацијата за електронско банкарство на Силк Роуд Банка, наместо како што беше до сега со доаѓање во експозитурите на банката. До апликацијата за електронско банкарство може да се пристапи на следниов линк.

Силк Роуд Банка и понатаму продолжува да го развива системот на електронско и мобилно банкарство во насока на следење на потребите на физичките и правните лица преку поедноставување на услугите и воведување на нови иновативни услуги на пазарот.

Електронско банкарство

Асоцијација за е-трговија на Македонија го одржа второто годишно собрание

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчера го одржа своето второ годишно Собрание во конференциската сала во Воденица Мулино. Во последнава година асоцијацијата успеа да ја крене свеста за значењето и потенцијалност  на е-трговијата за стимулирање на прогрес и економски раст на земјава. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

S-Banking – бидете 24 часа во тек со сите трансакции!

Објавено

на

Мобилното банкарство на Шпаркасе Банка Македонија е апликација наменета за паметен телефон и/или таблет која може да ја инсталирате од кое било место со пристап до интернет со што на лесен и едноставен начин ќе имате 24-часовен пристап до сите производи и услуги наменети за физички лица од Шпаркасе Банка. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Стопанска банка АД Скопје ја исфрла од употреба Windows mobile верзијата на мобилната апликација

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје ги исвестува своите клиенти корисници на мобилната апликација, дека поради значајно намалениот број на корисници на Windows Mobile уреди на пазарот, но и глобално, од 01.03.2019 m-banking апликацијата на Стопанска банка ќе престане да биде достапна за преземање од Windows Mobile Store.

Бесплатната m-banking апликација останува достапна за iOS и Android мобилни уреди и Банката ќе продолжи да инвестира во развој и унапредување на услугите достапни преку истата.

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange