Кредити
Нов кредитен продукт на Штедилница Можности – Кредит за поддршка на клиенти погодени од пандемијата КОВИД-19!


Штедилница Можности како дел од Проектoт на УСАИД за развој на деловниот екосистем, лансираше нов специјален кредитен продукт за поддршка на дејностите погодени од пандемијата – Кредит за поддршка на клиенти погодени од пандемијата КОВИД-19!
Новиот кредитен производ е со каматна стапка од 0,00%, рок на отплата до 12 месеци и со можност за користење грејс период до 11 месеци. Кредитот е со максимален износ до 180.000 денари.
Со новиот кредитен производ, Штедилница Можности излегува во пресрет на сите претприемачи, индивидуални земјоделци и трговски друштва (фирми) кои извршуваат одредена стопанска дејност и на кои им е неопходен паричен капитал за обртни средства, за одржување на ликвидноста, солвентноста и за задржување на бројот на вработените во ова време на пандемија предизвикана од КОВИД-19.
Трошоците за кредитот се манипулативен трошок од 1% од износот на кредитот и месечна провизија за управување (МПУ) која се движи во рамките од 0,305% до 0,542%. Останати трошоци на кредитот се меница од 100 до 200 денари во зависност од износот на кредитот и интеркаларна камата во зависност од денот кога се реализира кредитот.
Дополнителни информации за новиот кредитен продукт можат да се добијат во сите експозитури на Штедилница Можности, профилите на социјалните медиуми како и на веб страницата.
Кредити
Во ФД СН финансии ЖЕНИТЕ МОЖАТ – промотивна кампања за понежниот пол по повод Денот на жената 8-ми Март


„Кај нас ЖЕНИТЕ МОЖАТ!” е мотото на промотивната кампања на ФД СН Финансии по повод Денот на жената 8-ми Март! (more…)
Кредити
Поволни онлајн кредити без скриени трошоци


Се наоѓате во ситуација кога сакате да си набавите нешто што одамна го посакувате, како на пример нов телефон или можеби нов телевизор, но во моментов не сте во можност да си го дозволите или се појавил некој финансиски предизвик кој морате веднаш да го решите. (more…)
Кредити
НЛБ Банка со посебни поволности за кредитите за физички лица


НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица во период од 1.03.2021 до 31.03.2021 година. Во промотивниот период сите кредити за физички лица ќе се нудат без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без трошоци за проценка на имот. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 4 weeks
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Анализипред 1 month
Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје