Connect with us

Форекс

Нов колапс на акциите на Македонска берза, еврото со вредност од 61.6950 денари

Објавено

на

Исто како што е времето во март, крајно променливо и непредвидливо, такво е и движењето на МБИ10 индексот на Македонска берза. Само два дена траеја позитивните вибрации и пролетното „зеленило” кај акциите кои котираат на нашата берза.

Сепак, економската криза која ја предизвикува малиот, но многу опасен коронавирус не може така лесно да се надмине. По дводневниот раст, акциите доживејаа нов колапс во текот на вчерашниот последен ден за тргување на берзата.

Единствено акциите на Алкалоид АД Скопје забележаа пораст на својата вредност од 3,86 проценти, додека на сите останати акции драстично им се намали вредноста.

Најпогодени од падот на МБИ10 берзанскиот индекс беа акциите на НЛБ Банка АД Скопје кои забележаа огромен пад од 10,00%. Но, причина за овој висок пад на вредноста на акциите на НЛБ Банка е објавата дека Банката наместо да исплати дивиденди, ќе го послуша советот на Народната банка и ќе ја прераспредели остварената добивка за други цели.

Огромен пад на вредноста на акциите забележаа и ОКТА АД Скопје и Стопанска банка АД Битола, чиишто акции ја намалија вредноста за 9,98%, односно за 9,09%.

Падот на вредноста на МБИ10 индексот негативно се одрази и врз вредноста на акциите на Комерцијална банка АД Скопје кои забележаа пад од 8,88%, како и врз акциите на Макпетрол АД Скопје и Охридска банка АД Скопје кои ја намалија својата вредност за 8,70%, односно за 8,12 проценти.

Пад на вредноста на акциите забележаа и Гранит АД Скопје од 6,89%, ТТК Банка АД Скопје од 2,95% и Македонски Телеком АД – Скопје од 2,93%.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6950 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 56.1834 денари, британската фунта изнесува 67.5369 денари, додека пак швајцарскиот франк е 58.0167 денари.

Форекс

Македонија и Србија имаат најголеми резерви на злато на Балканот

Објавено

на

Податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council), најточната база на информации за резервите по држави, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Република Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот односно поседува 6,89 тони. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на DAX индексот на 40 компании

Објавено

на

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на бројот на компании кои котираат во „DAX” индексот. Берзата предложи зголемување од досегаѓните 30 на 40 компании, истовремено предложувајќи заострување на условите за котација. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец септември

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец септември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно