Connect with us

Депозити

Нов депозит „Среќна среда” од Халкбанк

Објавено

на

Некои велат, среда е денот на среќата. Но, зошто токму среда? Постојат истражувања кои велат дека секаква умствена активност во денот среда, како читање, пишување, разговарање, би се одвивала со посебен фокус и внимание. Оттука, не случајно и се користи терминот „среќна среда“, а пак Халкбанк воведува нов промотивен депозит кој ќе биде активен токму секоја среда, и тоа со посебни услови.

Поаѓајќи од премисата да се овозможат секогаш иновативни продукти и одлична услуга на своите клиенти, Банката нуди можности за орочување на вашите средства преку овој уникатно дизајниран производ, кој гарантира исклучително поволни услови за штедење и многу поволна каматна стапка, која е фиксна. Сѐ со цел, вашиот влог да расте сигурно и стабилно.

Имено, преку новиот депозит, секоја среда со минимален износ од 30.000 денари или 500 евра влог, можете да ги орочите вашите средства на 13 или на 25 месеци, со тоа што на 13 месеци доколку вашиот влог е во денари добивате 1,70% годишна каматна стапка, а пак доколку е во евра, добивате поволна каматна стапка од 0,90%. Доколку пак се одлучите вашата заштеда да ја орочите на 25 месеци, во денари каматната стапка изнесува 2,50%, а пак во евра 1,50%.

Всушност, за кој временски период и да се одлучите, исплатата на каматата би била на крајот на периодот на орочување или на месечно ниво, а дополнителна предност е тоа што влогот автоматски се реорочува по истекот на период на орочување.

Штедењето е вредна навика – секој ден. Меѓутоа, доколку се одлучите да ги вложите вашите средства, можеби денот среда ќе ви донесе посебна среќа, а неминовно е и дека ќе имате можност да ги искористите големиот број поволности. Затоа почнете да штедите среќно!

Депозити

Депозит “Среќна Среда” од Халкбанк

Објавено

на

Некои велат, среда е денот на среќата. Но, зошто токму среда? Постојат истражувања кои велат дека секаква умствена активност во денот среда, како читање, пишување, разговарање, би се одвивала со посебен фокус и внимание. Оттука, не случајно и се користи терминот „среќна среда“, а пак Халкбанк воведе нов промотивен депозит кој веќе е активен секоја среда, и тоа со посебни промотивни услови. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Минимален пад на кредитите и депозитите во јануари

Објавено

на

По сезонски високиот раст во декември, вкупните кредити во јануари се намалија за 0,8% на месечна основа, покажуваат податоците на Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ).

Во услови на зголемено кредитирање на секторот „домаќинства“, месечното намалување во целост произлезе од намаленото кредитирање на корпоративниот сектор, кое забележа значителен пораст во претходниот месец. Анализирано на годишна основа, стапката на кредитен раст изнесува 7,8% и во поголем дел произлегува од растот на кредитите одобрени на секторот „домаќинства“.

Во јануари, кај кредитите на корпоративниот сектор бележиме месечно намалување од 1,9%, додека во споредба на годишна основа е остварен раст од 5,7%. Притоа, најголем придонес во месечниот пад, односно годишниот раст имаат кредитите одобрени во денари.

Кај вкупните кредити на домаќинствата е евидентиран месечен и годишен раст од 0,5% и 9,9%, соодветно. Притоа, нагорната промена на месечна и годишна основа е резултат на зголемената кредитна активност кон секторот „домаќинства“ преку денарски кредити (учество од 88,1% и 67,6%, соодветно).

Во јануари, вкупните депозити бележат месечен пад од 0,8% којшто во поголем дел се должи на намалувањето на депозитите на корпоративниот сектор, при поумерено намалување и на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, депозитниот раст и натаму е солиден и изнесува 10,6%. Годишната промена е резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, при поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“ (59,9%).

Кај вкупните депозити на корпоративниот сектор во јануари е евидентирана надолна месечна промена од 2,6%, којашто главно произлегува од намалувањето на депозитните пари, а во помал дел и од падот на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута. Годишниот раст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 10,6% и во најголем дел е резултат на зголемувањето на краткорочните депозити (во странска валута и во денари), како и на депозитните пари.

Вкупните депозити на домаќинствата забележаа месечен пад од 0,5%, којшто целосно се должи на намалувањето на депозитните пари, во услови на раст на орочените депозити во денари и странска валута. Анализирано од аспект на валутната структура, на годишна основа е остварена стапка на раст од 9,3%, којашто произлегува од растот и на денарските и на девизните депозити, при поизразен придонес на депозитите во денари (57,4%).

Продолжи со читање

Депозити

„Зимски депозит” на УНИБанка нуди фиксна камата од 3,30 % за физички лица

Објавено

на

Во годините после финансиската криза централните банки низ светот остро ги намалија каматните проценти во обид да го стимулираат стопанскиот раст, инвестициите и вработеноста. Во некои држави оваа стратегија проработи успешно, а во други не сосема, но така или вака, мнозинството од економистите и пазарните аналитичари се на мислење дека ерата на „нулта каматите” веќе е на својот крај.

Согледувајќи ги овие особености, банките во Македонија почнаа да нудат различни производи со атрактивни услови. Современиот живот стана сѐ поинтензивен и забрзан и корисниците имаат потреба од комплексни услуги, кои ги задоволуваат нивните барања и ги решаваат нивните проблеми во различни правци. Овие факти им се добро познати на финансиските институции, кои вешто ги ловат желбите на корисниците.

Новиот „Зимски депозит” од „Уни банка” ги обединува предностите на неколку производи, со тоа што истовремено нуди највисока профитабилност на пазарот во моментов. Влогот е со флексибилни услови, се нуди со различни рокови и варијанти за користење, при што со депозит за рок од 36 месеци, клиентот ја добива највисоката понудена камата на банкарскиот пазар кај нас – 3,30%. Каматата е фиксирана во текот на целиот период на депозитот.

Зимски депозит” е производ за физички лица во евра и во денари. Каматата за депозитот е непроменлива до крајот на рокот на депозитот, кој може да се избира согласно желбата на клиентот: 36, 24 или 12 месеци. Минималната големина на влогот е утврден во висина од 5.000 евра/300.000 денари, со тоа што износот може да се зголемува без ограничувања во текот на целиот период на договорениот рок.

Високата профитабилност доаѓа во текот на февруари со новиот производ на „Уни банка” заедно со уште неколку бонуси, од кои клиентите можат да имаат корист. Со „Зимски депозит” вложувачите добиваат бесплатно електронско и мобилно банкарство, бесконтактна кредитна картичка со ограничување до 30.000 денари и бесконтактна дебитна картичка со можност за користење на пречекорување до 30.000 денари. Предноста на производот, е и опцијата за електронско и мобилно следење на профитабилноста на депозитот во секој момент од страна на клиентите.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange