Connect with us

Домашни банки

Нов, голем мурал во Маврово пренесува мoќна порака за заштита на Планетата Земја

Објавено

на

Денот на планетата земја, 22 Април, оваа година Halkbank го одбележа со едно храбро, креативно уметничко дело кое ќе ја краси околината на Маврово.

Во соработка со познатиот уметник „Пијаниста”, кој е широко препознаен по своите креативни, иновативни и наградувани дела , овојпат Халкбанк постави нов мурал на вкупна површина од 480 м2 – на кошаркарскиот терен во рамки на спортските терени од Ресорт Маврово.

„Симболично” изведбата на муралот, уметникот Пијаниста ја направи токму за Денот на планетата Земја.

Приказната која е инспирација и која се пренесува преку оваа негова креација, ги поврзува сите важни темели врз основа на кои е креирана платформата ХалкЕко како општествено одговорна платформа на Халкбанк АД Скопје, поддржана од Mastercard.

Артистот преку делото пренесува моќна порака за значењето на грижата за нашата планета Земја и заштитата на Планетата од сите негативни влијанија и глобалното затоплување. На креативен начин тој нѐ потсетува на тоа дека секој еден од нас, секоја земја и секое општество мора да даде личен придонес во битката за подобра животна средина.

Дополнително, внимателно одбраната локација за поставување на муралот, Маврово, дава акцент и нѐ потсетува на тоа дека нашето внимание мора да се сврти кон природата, кон шумите, зеленилото, чистиот воздух, водата и обновливите извори на енергија.

И повторно неслучајно, ова дело е направено токму на спортските терени на Ресорт Маврово, за да се истакне уште една од мисиите на ХалкЕко – стимулирање на водење здрав и активен живот кај луѓето. Впрочем, ова е и локацијата каде стартува и ХалкВелоГрин трката на Халкбанк.

„Ова е уште еден наш превземен чекор за поразлично и малку повпечатливо кревање на свеста за екологијата, животната средина и природата, за што сме исклучително благодарни на нашиот драг „Пијаниста”.

Преку нашата ХалкЕко платформа веќе трета година се залагаме за едукација, мотивација, промоција, но и за реализација на еко одговорни практики. Стимулираме физичка активност, поддржуваме и организираме спортски настани, наградуваме позитивни примери… Заедно пошумуваме, ја раззеленуваме нашата земја и ја подобруваме животната средина. Ние на овој пат сме фокусирани да делуваме долго и посветено, преку низа дела меѓу кои и нашиот нов Мурал во Маврово, кои се надеваме дека ќе бидат позитивно прифатени и признаени од јавноста“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.

Муралот за Денот на планетата Земја, кој се изведе изминатиот викенд е најновиот проект во рамки на платформата ХалкЕко. Од 2019 до денес, Халкбанк преку оваа платформа засади над 33.000 садници; изведе неколку градски, Халк зелени корнери; додели низа подароци на корисниците на апликацијата; реновираше 20 пешачки мостови; организираше и поддржа бројни спорстки настани меѓу кои HalkVeloGreen и HalkEcoSkopjeRun.

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ја врачи престижната награда „Роман на годината“ на академик Влада Урошевиќ

Објавено

на

Сo сечено врачување на наградата „Славко Јаневски“ на академик Влада Урошевиќ, Комерцијална банка како Генерален покровител одбележа уште едно престижно издание на „Роман на годината“.

Наградата под покровителство на Комерцијална банка се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150 илјади денари, а годинава ја доби романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. Традиционално наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.

Академик Урошевиќ е особено горд на наградата и на своето дело, кое докажува дека „македонскиот јазик може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му покажеме на светот“.

Банката обезбедува и 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата, кои годинава одлучуваа за победникот во конкуренција на 35 романи.

„Комерцијална банка е горда што е поддржувач на оваа значајна манифестација, во која препознава искрена желба и длабока волја за негување на македонскиот пишан збор и за создавање богато наследство за идните генерации. Секогаш е полесно заедно да успееме во оваа благородна цел“, порача Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, при врачувањето на наградата.

Со поддршката на „Роман на годината“, како и со целокупната своја поддршка на домашната литература, Комерцијална банка дава долгорочен и исклучително значаен придонес за унапредување на литературното творештво во земјава.

Продолжи со читање

Популарно