Connect with us

Останато

Нов главен извршен директор и претседавач на Македонија2025

Објавено

на

Организацијата прославува 10 години работење за земјата

Македонија2025 денеска објавува неколку промени во раководниот тим, преоѓајќи во втората деценија постоење како невладина организација фокусирана кон помошта во градењето на посилна нација. Првата деценија ја одбележа огромен успех. Од 2008, организацијата има инвестирано 1 милион долари во програмите за лидерски развој, со кои има извршено позитивно влијание врз повеќе од 500 претприемачи и менаџери.

Исто така, имплементирани се и бројни програми за економски развој во вкупна вредност од 3 милиони долари, меѓу кои програми за зголемен извоз, трговски мисии, деловни конференции итн. Клучниот настан – Самитот Македонија2025 низ годините брои над 2500 посетители и повеќе од 400 говорници ширум светот, со што стана најголема платформа за вмрежување и соработка, со цел зголемен иден развој на бизнисите во Македонија и регионот. Организацијата влегува во втората деценија од своето постоење со големи амбиции и очекувања, што се одразува и во денешното објавување на промените во менаџерскиот тим.

Организацијата го најавува вработувањето на првиот Главен извршен директор. Проф. Никица Мојсоска Блажевски, започна со работа на 12-ти февруари, 2019 како прв Главен извршен директор на организацијата. Никица има комбинирано искуство во академијата и во јавната администрација, како истражувач, консултант и менаџер. Нејзиното значајно искуство ќе ги издигне програмите на кои работи тимот на Македонија2025 на уште повисоко ниво. „Многу сум возбудена и привилегирана што ја преземам оваа важна функција и што ќе продолжам да го надградувам она што досега е сработено. Цврсто верувам во мисијата на организацијата и решена сум да извршам значајно влијание преку програмите и иницијативите, и да ја направам Македонија просперитетна и напредна држава за нејзините граѓани. Исто така, сакам да го изразам своето задоволство од ангажираноста и мотивираноста на членовите на Одбор на директори на организацијата. Тие го поддржуваат мојот план за силен раст за организацијата во следната деценија. Со нетрпение очекувам вклучување на сите засегнати страни и партнери на Македонија2025 во успешно извршување на планот. “, изјави г-ѓа Мојсоска Блажевски.

Понатаму, после осум години посветено и одговорно работење кон остварување на мисијата на организацијата за градење на посилна нација, сегашниот Извршен директор Билјана Марковиќ Стаменова зад себе остава голем број на успешно имлементирани програми и настани, како и цврста основа за иден развој на организацијата.

Дополнително, Роберт Арсов после четири години на позицијата Претседавач на Одборот на директори и две години на позицијата Потпретседавач, ја отстапува позицијата Претседавач на Вера Ставроф, а самиот тој останува член на Одборот на директори. Г-ѓа Ставроф е Претседател и Главен извршен директор на HerbalScience, Inc., од Колумбус Охајо САД, како и член на Одборот на директори од 2012. „Би сакала да се заблагодарам на Роберт за неговото водење на организацијата како Претседавач изминатите четири години. Исто така, среќна сум што станувам четвртиот Претседавач на Одборот на директори, откако поминав две години работејќи како Потпретседавач и се радувам на соработката со Никица кон градење на уште поголема организација и обезбедување уште позначајно влијание во земјата. Има многу работи кои сакаме и треба да ги направиме со цел да помогнеме на земјата и драго ни е што најдовме некој со искуството на Никица, кој може да ја води организацијата на долг рок“, рече г-ѓа Ставроф. „Исто така, сакам да ѝ се заблагодарам на Билјана која беше ѕвездата на Македонија2025 и која заедно со нејзиниот тим успешно ја позиционираа организацијата како еден од најпрепознатливите брендови во Македонија и регионот“.

За Македонија2025
Македонија2025 е меѓународна, независна, непартиска, непрофитна организација. Остануваме посветени на нашата мисија да помогнеме во создавањето на просперитетна економска клима во земјата и „посилна нација”, која ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори. Промовираме одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството базирано на вредности.

Останато

Соработката помеѓу Асоцијацијата за е-трговија, Царинска управа и ДХЛ покажува резултати!

Објавено

на

Според последните достапни податоци од НБРМ кои се однесуваат на третиот квартал од 2018 година, со платежни картички се направени трансакции во вредност од 100 милиони евра за купување онлајн што претставува 28% пораст во однос на истиот период минатата година. Од направените онлајн купувања најголем дел (63%) биле потрошени за купувања од странски е-трговци или скоро 63,34 милиони евра. Големината на вредноста на средства потрошени кон странски е-трговци покажува и колку е значајно поедноставувањето на увозните постапки.

Со поедноставувањето на увозните постапки за брзи пратки крајните корисници ќе заштедат време, ќе се зголеми ефикасноста при испорака на пратки и ќе се избегнат административните процедури кои беше потребно да се обезбедат од страна на примачот пред да се подигне пратката.

Новата постапка за царинење на брзите пратки претставува поедноставување на самата царинска постапка за пратките коишто доаѓаат преку брзите пошти. 

Имено граѓаните и фирмите кои добиваат роба од интернет, во иднина нема да мораат да доаѓаат на царина како би извршиле декларирање, подигање и плаќање на самиот царински долг. Во овој случај брзите пошти стануваат декларант, со што се скратува постапката за царинско ослободување на стоката која доаѓа преку интернет и се овозможува скратување на времето за испорака, кое во некој просек досега се движише од околу 72 часови, а сега од 72 часови ќе се намали на 24 часови. – изјави директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски

ДХЛ Експрес Македонија е првиот овластен декларант преку кој може да се овозможи оваа поедноставена постапка. ДХЛ ќе добиваат информации за какви пратки се доставуваат уште пред истите да бидат пристигнати во Македонија. Всушност додека пратката се транспортира од одредена адреса во Македонија, по претходно одобрување од страна на крајните примачи на пратките, ДХЛ Експрес Македонија во име на примачот ќе може да ги извриши сите административни работи за пријавување и царинење на стоката и подмирување на царинскиот долг, со што по пристигнување на пратката истата веднаш ќе се испорачува до примачот. Со ова ќе се зголеми ефикасноста при испорака на пратки, а крајниот примач ќе биде ослободен од административни процедури, без разлика од која вредност е пратката.

Сведоци сме дека пратки од ЕУ до нас пристигнуваат за 12 до 18 часа, но притоа за спроведување на постапката за увозно царинење и достава до крајниот корисник, потребни се не ретко 48-72 часа. Конкретно физичките лица за да оцаринат пратка којашто е пристигната во Р. Македонија за нив, трошеа многу време, пополнуваа многу документи, административните постапки беа многу долги. Сега со добивањето на одобрението всушност очекуваме дека ова време ќе биде скратено најмалку за 24 часа, притоа ќе им заштеди време во транспорт, логистика, пополнување на документи и секако правење на дополнителни трошоци за истото. Всушност ДХЛ Експрес Македонија ќе се јави како нивни застапник пред Царинаската управа, ќе ги плати сите потребни давачки во нивно име и следното утре пратката ќе ја достави на нивна адреса. – вели Биљана Мановска Наунчевска, оперативен менаџер на ДХЛ Експрес Македонија.

АЕТМ од своето основање работеше на мапирање на пречките, бариерите, предизвиците кои што стојат на патотот на развој на е-трговијата и секако на формирање на препораки. Со потпишување на меморандуми за соработка со клучните институции помогна за поттикнување на промени кои се однесуваат кон подобрување на е-трговијата.

Оваа промена за поедноставување на увозните постапки за брзи пратки повеќе се однесува на побарувачката во е-трговија, односно кога граѓаните прават онлјан нарачки на производи од странство. Не радува што Царинската управа е отворена за промена и се надевам дека ова е само една од низата промени кои ќе следат. Во текот на оваа година ќе бидеме фокусирани да иницираме повеќе промени коишто ќе значат и промени на страната на понудата, односно да ја зголемиме конкурентноста на домашните компании и да им го олесниме патот за да нивните производи може полесно да ги продадат и пласираат и на странски пазари, истакна Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Продолжи со читање

Останато

ССК: Домашните компании недоволно соработуваат со компаниите во зоните со потенцијал за раст

Објавено

на

Да се интензивира соработката на домашните компании со инвеститорите во слободните економски зони, преку пренесување на знање, технологии, менаџерски вештини во насока на зајакнување на нивната конкурентност, како и можности за отворање на пазарот надвор од државата, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот на стопански комори (ССК). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Регионална конференција за социјално претприемништво

Објавено

на

Завршен настан од проектот „Смарт Старт: Оддржливо влијание на граѓанските организации од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција преку социјално претприемништво и социјални иновации” ќе се одржи денеска во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange