Connect with us

Анализи

НОВ БАНКАРСКИ РЕКОРД: Стопанска банка ја надмина магичната граница од 50 милиони евра профит?!

Објавено

на

Најголемата банка во Македонија продолжува и понатаму да поставува високи граници кои речиси се недостижни за останатите “играчи” на банкарскиот пазар. 

„Стопанска банка АД – Скопје“ на полугодие од 2018 година имаше добивка од 31 милиони евра, што претставува финансиски резултат кој е за 46% подобар од истиот период во 2017 година.

По изминати девет месеци во 2018 година, Стопанска банка АД – Скопје оствари добивка во износ од 42 милиони евра. Овој финансиски резултат претставува зголемување на добивката за 38% споредено со истиот период од 2017 година.

Доколку земеме предвид дека во периодот од 01.01 до 31.12.2017 година банката оствари профит од 37 милиони евра, под претпоставка дека финансискиот резултат на банката ќе се задржи на нивото од 35% раст споредбено со 2017 година, за очекување е финансискиот резултат – профит на Стопанска банка АД – Скопје во 2018 година да изнесува неверојатни 51 – 52 милиони евра.

Овој финансиски резултат до пред неколку години беше нереално да се замисли, а невозможно да се оствари и под претпоставка да се комбинираат профитите на трите најголеми банки во Македонија, Стопанска банка АД – Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје.

Денес, благодарение на внимателно одбраната стратегија на банката, која очигледно функционира беспрекорно – овие бројки се реалност и во една земја во развој како што е Македонија.

 

Анализи

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Врз основа на членовите 48 и 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор од 31.01.2019 година за свикување на Собрание на акционери, СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Подготвени ли се банките во Македонија за имплементирање на двојазичноста?

Објавено

на

Од моментот на стапување во сила на Законот за јазици, албанскиот јазик ќе добие проширена употреба. Покрај македонскиот, во институциите службен јазик станува и албанскиот, што ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните.

(more…)

Продолжи со читање

Анализи

Банки vs. Финтек компании: Кој ќе победи?

Објавено

на

Дигитализацијата зема се поголем замав, притоа рапидно развивајќи се, но како “FinTech” компаниите се справуваат во споредба со големите традиционални банки?

Додека голем број банки се уште се потпираат на постоечките рачни процеси, многу “FinTech” компании ја прифаќаат моќта на вештачката интелигенција за справување со финансиските предизвици.

“Revolut” и “ClauseMatch”, организираа панел дискусии со водечките “FinTech” компании и банки, каде што ќе се прикажат некои од најновите технологии и ќе се дискутираат иновативни стратегии.

Експертите на панелот ќе разговараат за:

✅ Кој е поблиску до усогласеност – банки или “FinTech” компании?
✅ Улогата на технологијата: Колку може да се автоматизира? Што треба да се автоматизира, а што никогаш не треба да се автоматизира?
✅ Што мислат регулаторите за горенаведеното?

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange