Connect with us

Домашни банки

НОВО СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО – Комерцијална банка и Триглав Осигурување Живот со заеднички настап во сегментот животно осигурување

Објавено

на

Со цел да им заштедат време и средства на своите клиенти, Комерцијална банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје склучија Договор за соработка во делот на животното осигурување, по што нивните производи ќе бидат уште поатрактивни за корисниците.

Новото партнерство има за цел да ја зголеми понудата на банкоосигурување на македонскиот осигурителен пазар и да обезбеди комплетна услуга за кредитокорисниците во Комерцијална банка.

Комерцијална банка веќе неколку години нуди услуги од доменот на неживотното осигурување, а својата посветеност на потребите, сигурноста и довербата на клиентите сега ќе ја надгради и со услугите од сегментот животно осигурување.

Триглав Осигурување Живот АД Скопје на македонскиот осигурителен пазар работи три години, а во 2021 година има најголем апсолутен раст на премијата во доменот на животното осигурување и доминира во бројот на продадени полиси. Триглав Групација, од која е дел и Триглав Осигурување Живот, АД Скопје, на пазарот) е препознатлива со својот професионален пристап кон клиентите, на кои им овозможува креативни прилагодени производи со сеопфатни покритија, но и уникатно корисничко искуство, типично за една од водечките групации во Југоисточна Европа.

Домашни банки

(ВИДЕО) Сопственици на банка во Македонија се најдоа во „Пандора документите“

Објавено

на

Двајца сопственици на УНИБанка имале офшор компании на Британските девствени острови, открива истражувачкиот веб сајт „bird.bg” од Бугарија. Станува збор за Ивајло Мутафчиев и Цеко Тодоров Минев кои имаат по 36,45% од сопственоста на УНИ банка која работи во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка по 16-ти пат спонзор на „Златно славејче“

Објавено

на

„Златните славејчиња“ годинава повторно ќе застанат на сцена и ќе ги отпеат своите хитови во чест на 50-от роденден на Фестивалот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Прогласени победниците од Social Impact Award 2021

Објавено

на

Млади херои со големи идеи! Прекрасни тимови, ентузијазам, идеи кои сигурно ќе го променат општеството ја одбележаа седмата година од „Наградата за социјално претприемништво“ – Social Impact Award 2021. (more…)

Продолжи со читање



Популарно