Connect with us

Домашни банки

Ново работно време на дел од експозитурите на Еуростандард Банка

Објавено

на

Еуростандард Банка ги известува своите клиенти дека во согласност со мерките усвоени од страна на Владата за ограничување на движењето на лицата на возраст над 67 години по 11:00 часот, експозитурите на Банката во градовите Гостивар, Прилеп, Битола, Кавадарци и Струмица ќе работат со променето работно време.

Истите ќе бидат достапни за клиентите во периодот од 08:00 до 14:00 часот во деновите од 27.03.2020 до 03.04.2020 година.

Еуростандард Банка Ве потсетува дека со Mastercard дебитната картичка од Банката имате можност да повлекувате средства и од банкомати на сите банки во земјава без надомест.

За поголема заштита и сигурност, овој период Банката ги замолува своите клиенти да се насочат кон плаќања преку платежните картички и електронското банкарство, и што е можно помала употреба на готовина и посета на експозитурите на Банката.

Домашни банки

ИутеКредит со навремена уплата на данок на добивка од 7,7 милиони денари

Објавено

на

Финансиското друштво Иуте Кредит Македонија со своето две и пол годишно постоење и делување на македонскиот пазар настојува да придонесе во економијата и ликвидноста на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

Објавено

на

Во услови на справување со актуелната сериозна опасност од ширењето на Ковид-19 (корона вирусот) во нашата земја, поддржувајќи ги препораките и мерките на Владата, ТТК банка АД Скопје денес изврши предвремено плаќање на вкупните месечни аконтативни обврски за данок на добивка за 2020 година во износ од 10.460.780 денари. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавна понуда од НЛБ Банка за промена на договорните услови за кредитни производи за клиенти – физички лица

Објавено

на

Со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти предизвикани од пандемијата на COVID-19, НЛБ Банка објави ПОНУДА за поддршка на сите свои клиенти, физички лица преку посебни услови за олеснување на отплатата на сите кредитни изложености. (more…)

Продолжи со читање

Популарно