Connect with us

Домашни банки

НОВО ПАРТНЕРСТВО: Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје со заедничка соработка во животното осигурување

Објавено

на

Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување. Овој партнерски Договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на Банката.

Во доменот на неживотното осигурување Банката и понатаму ќе ги нуди производите на Халк Осигурување АД, а со оваа нова соработка секој клиент на Банката ќе може на брз и едноставен начин и со врвно понудена услуга и услови, да дојде до полиса за осигурување согласно своите потреби и можности.

Халк Банка АД Скопје оваа година го слави својот јубилеј – 10 години на македонскиот пазар. Благодарение на начинот на работа и раст во сите сегменти на банкарското работење Банката стана една од четирите најголеми банки во земјава, во категоријата системски значајни банки а со тоа и најбрзо растечката банка во Северна Македонија.

Триглав Осигурување – Живот АД Скопје на македонскиот осигурителен пазар работи три години, а изминатата ја одбележа со најголем раст на премијата за животно осигурување на пазарот но и со нов препознатлив пристап со кој на клиентите им понуди нови и прилагодени производи со сеопфатни покритија но и уникатно корисничко искуство типично за една од водечките Групации во Југоисточна Европа.

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање



Популарно