Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Кредити

Иутекредит со поголема рочност и намалена стапка на вкупни трошоци на сите кредити

Објавено

на

Водејќи се по слоганот “Најбрзо и најкомфорно”, ИутеКредит во континуитет ги следи потребите на своите корисници со цел да им овозможи најдобро корисничко искуство и можност за брза реализација на сите финансиски потреби.

Со новите промени во условите на кеш кредитите, корисниците ќе можат да подигнат кредит на подолг рок, со намалени трошоци и во било кое време, 24/7.

Продолжен период на отплата за кеш кредити

Од овој месец кеш кредитите за сите нови и постоечки клиенти на ИутеКредит се со подолг рок на отплата.

Новите клиенти отсега ќе можат да аплициратаат за износ до 30 000 денари со рок на отплата до 12 месеци, наместо досегашните 10 месеци.

Постоечките корисници од друга страна,  до 70 000 денари и износот да го вратите со продолжен рок од 18 месеци, наместо 15 месеци.

Дополнително за износи до 100 000 денари рокот на отплата е до 2 години, односно 24 месеци, иако претходно максималниот рок за отплата на кеш кредит беше 21 месец.

Намалени трошоци за кредит

Покрај продолжувањето на рочноста, ИутеКредит втор пат годинава ја намалува Стапката на вкупни трошоци (СВТ) на сите кредити за 1,25% процентни поени.

Намалувањето на СВТ вклучува пониска каматна стапка, провизија и административни трошоци и се однесува на сите кредитни производи (кеш, наменски и автомобилски кредити).

При аплицирање нема дополнителни и скриени трошоци, така што корисниците може јасно и транспарентно да ги видат сите информации за кредитот за кој аплицираат.

Пристап до пари 24/7

Со новата ИутеКредит Mastercard картичка клиентите може да аплицираат за кредит 24/7 и да ги добијат потребните средства веднаш од било каде, во било кое време. Картичката може да се користи на сите Mastercard терминали за плаќање,  за подигање готовина од било кој банкомат или за онлајн плаќање.

Сите заинтересирани корисници може да направат калкулација на кредитиниот калкулатор на веб страната www.iutecredit.mk и да аплицираат за потребните средства само со лична карта online, на телефонскиот број 13 333 или во една од експозитурите на ИутеКредит.

Кредити

Евтини онлајн кредити – брзо, лесно и поволно

Објавено

на

Се наоѓате во период кога ве затекнале непредвидени трошоци? Ви треба брзо и поволно решение? Онлајн кредитите на ФД Монимакс Финансиско можат да бидат одговор на вашите проблеми уште денес. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Relax кредит со животно осигурување од Халкбанк со „релаксирани“ услови до 15 декември

Објавено

на

Халкбанк излезе во пресрет на потребите на населението за задоволување најразлични потреби со што поповолни банкарски услуги и го креираше Relax ненаменскиот потрошувачкиот кредит со животно осигурување за кој, во промотивниот период до 15 декември, камата е 5% фиксна во првите две години и истиот е со 0% трошоци за обработка и предвремена отплата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка воведе нови промотивни станбени кредити со намалени каматни стапки фиксни до 10 години

Објавено

на

Почнувајќи од 1- ви октомври, НЛБ Банка воведе нови промотивни станбени кредити со намалени каматни стапки фиксни до 10 години и посебни поволности до 31.12.2019 година. Новата понуда на клиентите им нуди можност да изберат станбен кредит со најниска каматна стапка од 3% фиксна за првите 5 години или каматна стапка од 3,5% фиксна за првите 10 години. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange