Connect with us

Останато

Новогодишно изненадување за децата од посебното основно училиште „Д-р. Златан Сремец” од Асоцијацијата на финансиски друштва

Објавено

на

Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија (АФД) ги израдува децата од Посебното основно училиште „Д-р. Златан Сремец” со новогодишни пакетчиња. Претставници на Асоцијацијата заедно со Дедо Мраз, денеска поделија околу 100-тина пакетчиња за сите ученици од училиштето.

„Од името на учениците и вработените во ПОУ„д-р Златан Сремец“ Од срце Ви благодариме за донацијата- новогодишни пакетчиња, навистина ни е драго што денес АФД се одговорни за големиот број детски насмевки, луѓето како Вас, ги прават празничните моменти незаборавни.“, изјави Марија Делетиќ, директорка на ПОУ „Д-р. Златан Сремец”.

Со оваа донација, Асоцијацијата на финансиски друштва уште еднаш ја докажува својата посветеност и определба да реализира општествено одговорни практики кои овозможуваат придобивки за различни групи и сегменти на заедницата.

„Овие денови се потсетуваме дека треба да посветиме повеќе внимание на заедницата. Бидејќи празниците се време на љубов и дарување, ни претставува особено задоволство што со овој наш скромен гест, измамивме искрени насмевки и радост кај децата. Целта на оваа донација пред сè е да ги израдуваме децата, но истовремено, да пратиме и порака дека сите ние како активни чинители на заедницата имаме обврска да бидеме дел од креирањето на инклузивно општество, во и надвор од областа во која делуваме.“, изјави Јана Никодиновска, Генерален Секретар на АФД.

Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ е јавна установа за образование на деца со пречки во психофизичкиот развој кое што работи според специјализирани програми за ученици со интелектуална попреченост, аутизам и комбинирана попреченост, обезбедувајќи модерно образование и рехабилитација на децата преку поттикнување и развој на нивните способности и вештини.

Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија и нејзините членки ФД Тиго Фајнанс, ФД Иуте кредит, ФД Мого, ФД Дигитал фајнанс, ФД Кредисимо, ФД М-Кеш и СН Финансиско друштво, вложува големи напори за обезбедување унифицирани стандарди за квалитет на индустријата, еднаквост и етика, промоција на сигурни, општествено одговорни и одржливи практики на кредитирање, промоција на можностите што ги нудат небанкарските финансиски технолошки решенија, а кои ќе бидат од корист на поединците и општеството, како и изградба на конструктивен дијалог и дизајнирање среднорочна стратегија за одржлив развој на индустријата заедно со надзорните органи, регулаторот и законодавецот во државата.

Останато

Џеф Безос продаде милион акции на Amazon за 3,1 милијарда долари

Објавено

на

Најбогатиот човек на светот, основачот на компанијата „Amazon”, Џеф Безос, во првите денови од август продаде милион акции на компанијата за 3,1 милијарди долари, објави Forbes, повикувајќи се на документацијата доставена до Американската комисија за хартии од вредност (СЕЦ). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Русија има нов најбогат човек – промена на врвот на листата на најбогати Руси според „Forbes“

Објавено

на

За прв пат откако „Forbes“ прави листа на најбогати Руси, на првото место е Сулејман Керимов, сопственик на компанијата за производство на злато „Полиус“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

40 компании ќе добијат ќе добијат поддршка за отворање на нова е-продавница

Објавено

на

Четириесет домашни компании ќе добијат неповратна финансиска и советодавна помош во рамки на јавниот повик од иницијативата „Ecommerce4All” која се реализира од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Избраните апликанти ќе добијат помош за отворање на своја е-продавница со сопствено софтверско решение или како дел од постоечки локален онлајн пазар. (more…)

Продолжи со читање

Популарно