Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Новогодишна донација на БИОТЕК Solutions и БИОТЕК лабораториите за училиштето за деца со пречки во развој „Д-р. Златан Сремец” Скопје

Објавено

на

Училиштето за деца со пречки во развој “Д-р. Златан Сремец” Скопје доби лап топ компјутери и крвни анализи за сите деца како новогодишна донација од БИОТЕК Solutions и БИОТЕК лабораториите. Оваа година БИОТЕК Solutions и БИОТЕК лабораторија одлучија средствата за маркетинг промотивни материјали да ги искористат таму каде што е најпотребна помош, на децата со посебни потреби од ПОУ „Д-р. Златан Сремец”.

Целта на компанијата беше да им помогне на децата, како и на наставниците – дефектолози при извршување на секојдневните едукативни процеси, како и олеснување на нивната секојдневна работа и запознавање со здравствената состојба.

Кога училиштата имаат лап-топ компјутери, на учениците им се овозможува  целосно да ги искористат предностите на интернетот и современата технологијата, што претставува особена поддршка во работата со деца со попречености, еден голем прозорец кон светот.

Крвната анализа ја прикажува основната здравствена состојба и може да детектира различни проблеми во секоја возраст.  Јас лично, мојата фамилија и вработените во Биотек, сме многу среќни што оваа година направивме нешто многу корисно за една мала но важна заедница. Нашата помош е упатена до 113 семејства чии членови се едуцираат во вашата хуманитарна заедница – изјави Анкица Синадинова Базерко, генерален менаџер на Биотек Лабораторија.

Во училиштето има 113 деца. Радоста за поклоните е голема, но уште поголема радост е добиеното внимание.

Директорката на ПОУ „Д-р. Златан Сремец” се заблагодари на БИОТЕК Solutions и БИОТЕК лабораториите што ги отвори вратите и покрена иницијатива за препознавање на потребата за донации на оние на кои им е најпотребна „Дека најмалиот чин на љубезност,  вреди повеќе од најголемата намера овој пат го докажаа Биотек  лабораторија. 

Посебно ни е драго што Биотек  лабораторија го одбраа ПОУ“Д-р Златан Сремец“ за место каде што прв пат ќе ја покажат својата општествена одговорност кон лицата со попреченост. 

Донацијата која се реализира во две насоки-обезбедување на бесплатни  лабораториски услуги за сите ученици на ПОУ“д-р Златан Сремец“ и опремување на дел од училниците со преносливи компјутери, претставува директна поддршка на учениците со попреченост, нивните семејства и вработените.

Бесплатните лабораториски услуги ќе може да ги искористи секој ученик од нашето училиште со цел зеднички да обезбедиме дополнителна можност  на семејствата  и  квалитетна здравствена грижа за нашите ученици.

Преносливите компјутери ќе најдат соодветна примена  и во голема мерка ќе го олеснат  реализирањето  на секојдневните активности на  учениците и на тој начин ќе овозможат услови за унапредување на квалитетот на воспитно – образовниот процес”.

Останато

Тевдовски: Првата транша евтини кредити од ЕИБ во износ од 15 милиони евра ќе им биде прфрлена на фирмите следната недела

Објавено

на

Првата транша во износ од 15 милиони евра евтини кредити за малите и средни претпријатија преку ЕИБ, ќе биде префрлена следната недела. Ова беше истакнато на средбата помеѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и потпретседателот на Европската инвестициска банка Ендру Мекдовел во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесплатна тренинг школа за економска слобода на девојки и жени

Објавено

на

Организацијата на еднородителски семејства „Една може!“ и социјалното претпријатие „Една прави!“ ќе спроведуваат бесплатна тренинг школа за економска слобода на девојки и жени. (more…)

Продолжи со читање

Останато

[ВИДЕО] Кога мислите дека сте виделе се: Кражба на банкомат со багер во Северна Ирска

Објавено

на

Неверојатна кражба на банкомат снимиле надзорните камери во близина на градот Дангивен во Северна Ирска. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange