Connect with us

Електронско банкарство

Нови функционалности во системите на електронското банкарство на Халкбанк

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги информира своите клиенти дека направена е успешна надградба на електронско банкарство на физички и правни лица и воведени се нови функционалности.

Електронско Банкарство за физички лица ги има дополнително следните функционалности:

  • активација на корисник од мобилен телефон
  • креирање на пакетни налози преку WEB (со еден СМС или Cronto авторизација плаќање на повеќе налози)
  • отварање на депозит преку мобилно банкарство
  • зачувување на последно логирање со отпечаток на мобилно банкарство

Електронско банкарство за правни лица:

  • преглед на кредити преку мобилно банкарство
  • преглед на депозити преку мобилно банкарство
  • преглед на резервации на картички преку мобилно банкарство

Електронско банкарство

НЛБ Банка го овозможи мобилното банкарство за корисниците на новите Huawei телефони

Објавено

на

НЛБ Банка го овозможи користењето на НЛБ мКлик – мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик – мобилното банкарство за правни лица на платформата AppGallery, за корисниците на новите модели на Huawei мобилни телефони.

Достапноста на апликациите за мобилно банкарство за физички и правни лица и преку платформата Huawei AppGallery е од големо значење, бидејќи обезбедува поголема достапност на дигиталните сервиси и можност истите да ги користат сите клиенти на банката.

Апликацијата НЛБ мКлик за физички лица е достапна на следниот линк: https://appgallery.huawei.com/#/app/C103005871

Апликацијата НЛБ мПроклик за правни лица е достапна на следниот линк: https://appgallery.huawei.com/#/app/C103010517

НЛБ мКлик мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик мобилното банкарство за правни лица имаат модерен и интуитивен дизајн и овозможувaат едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата на сите сметки, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката. Преку овие две апликации за мобилно банкарство, клиентите можат да се реализираат сите банкарски трансакции брзо и лесно само со еден клик без потреба од дополнителен уред токен. Воедно, НЛБ мКлик апликацијата ја нуди можноста за аплицирање на НЛБ мКлик кредит, како и on-line отворање на трансакциска сметка директно преку мобилен телефон.

Апликациите НЛБ мКлик и НЛБ мПроклик овозможуваат директен пристап до Банката, постојан увид на состојбите и прометот на сите свои сметки, како и пристап до целата палета на продукти и услуги кои Баната им ги нуди на своите клиенти.

Повеќе информации во врска со оваа понуда клиентите можат да добијат на веб страницатa nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката или преку контакт центарот на телефон 02/15 600.

Продолжи со читање

Домашни банки

Донесете ја банката во вашата домашна канцеларија

Објавено

на

Работењето од дома, кое ни го наметна корона пандемијата, претставува ненадејна промена за многумина и прилагодувањето на ваквата работа за некои би можело да биде голем предизвик. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Ново од Интернет банка на Комерцијална банка: оn-line аплицирање за кредитни картички и поднесување рекламации за трансакции со картички

Објавено

на

Комерцијална банка им овозможи електронско (online) аплицирање за кредитни картички за физички лица на сите корисници на услугата Интернет банка кои имаат опција за плаќање. Оваа дигитална услуга може да ја искористат за да аплицираат за сите кредитни картички што ги издава Банкатавклучително и новиот СМАРТ кредит преку картичка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно