Странски банки
НОВИ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА – Западот ги исфрла руските банки од СВИФТ!


Западот воведува нови мерки против Русија, за да ја изолира од меѓународниот финансиски систем и од европските економии.
ЕУ, Франција, Германија, Италија, Велика Британија, Канада и Соединетите Држави штотуку објавија координирана изјава во која ја осудуваат руската инвазија и соопштуваат дека договориле нови санкции.
Првиот потег е да исклучат одредени руски банки од мрежата СВИФТ, со што практично ќе се оневозможат извозот и увозот во Русија. Москва зависи од системот СВИФТ за својот извоз на нафта и гас.
Вториот потег е да се замрзне имотот на Руската централна банка, а со тоа и сите нејзини трансакции.
Како трет потег, ЕУ ќе им забрани на руските олигарси да ги користат своите финансии на европските пазари.
„Ние сме посветени на преземање чекори за ограничување на продажбата на државјанства – таканаречените златни пасоши – кои им овозможуваат на богатите Руси поврзани со руската влада да станат државјани на нашите земји и да добијат пристап до нашите финансиски системи“, се вели во соопштението објавено на сајтот на Европската комисија.
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лаен рече дека овие три чекори ќе ја попречат способноста на Путин да ја финансира својата воена машина.
„Додека руските сили го водат својот напад врз Киев и другите украински градови, ние сме решени да продолжиме на Русија да ѝ наметнуваме цена што дополнително ќе ја изолира од меѓународниот финансиски систем и нашите економии“, се вели во изјавата.
Мерките што треба да се спроведат во наредните денови вклучуваат и отстранување на „одбрани руски банки од системот за пораки СВИФТ“, што „ќе осигури дека овие банки се исклучени од меѓународниот финансиски систем и ќе ја осакати нивната можност да работат на глобално ниво.“
СВИФТ е глобалната финансиска артерија што овозможува непречен и брз трансфер на пари преку границите.
Странски банки
Дали конечно турската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка со цел намалување на енормната инфлација!?


Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, пренесува турската државна телевизија „ТРТ Хабер”. (more…)
Странски банки
Русија почнува со етапно пуштање на својата дигитална рубља


Централната банка на Русија откри дека започнала со тестирање на својот проект за дигитална рубља и дека ќе биде претставен со нови функции од 2023 година. (more…)
Странски банки
Добивката на најголемата европска банка се намали за 15 проценти во првото полугодие на 2022 година


Најголемата европска банка „HSBC Holdings” објави пад на профитот од 15 проценти во првото полугодие, бидејќи резервите за покривање на потенцијалните загуби од кредитите значително го надминаа растот на нето каматниот приход. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје