Осигурување
Нови приливи од камати распределени на сметките на членовите во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус


Сите приливи кои се резултат на инвестираните пензиски заштеди акумулирани во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Сава пензиско друштво преку соопштенија на својата веб страна и преку мобилната апликација Сава пензиско план, ги информира членовите на пензиските фондови за овие пристигнати приливи.
Според последните информации во периодот од 20.08.2020 до 29.08.2020 во пензиските фондови пристигнати се приливи во вкупен износ од 13.264.659 денари.
На сметката на Сава пензиски фонд, пристигнати се приливи од камати во износ 5.184.285,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 7.976.260,00 денари.
За истиот период на сметката на Сава пензија плус пристигнати се приливи од камати во износ од 104.114,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки.
Приливите по основ на камати се резултат на инвестираните пензиски заштеди во домашни државни обврзници и депозити во домашни банки.
Подетално за структурата на портфолијата на пензиските фондови можете да се информирате во финансиските извештаи кои редовно се објавуваат на веб страна на Друштвото.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Осигурување
Успеси кои немаше да бидат постигнати без поддршката на Халк Осигурување


Ристо Вуков Рико, македонски автомобилист, ја заврши дебитантската сезона во престижниот Порше Карера Куп во Италија. Борбеноста, упорноста и истрајноста му обезбедија одлично место во сезоната во Порше Карера ГТ3-купот и, секако, во својот клуб ГДЛ Рејсинг. (more…)
Осигурување
Мој миленик – нов пакет на пазарот од Триглав Осигурување


Триглав Осигурување воведува нов пакет на пазарот, Мој миленик, наменет за осигурување на кучиња. Пакетот обезбедува лекување на милениците и осигурување од ризиците смрт од болест и од несреќен случај. Триглав, во рамките на пакетот, бесплатно го вклучува и MyKi уредот за следење, како дополнителна алатка за што подобра безбедност на милениците. (more…)
Осигурување
Адвокатот Мирослав Вујиќ избран за член на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво


Триглав пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за промени во Надзорниот одбор на Друштвото. (more…)
- Домашни банкипред 2 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 1 month
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 1 month
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Анализипред 2 months
Кои се најплатените професии во земјава?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје