Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Нови престижни награди за Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Остварените резултатите, постигнатиот успех, континуираниот развој на нови технологии и производи се само дел од критериумите врз база на кои светски реномираните магазини ги доделуваат глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарскиот свет.

Овие награди се рефлект на иновацијата, достигнувањата, стратегијата, прогресивните и инспиративни промени кои институцијата ги превзема во т.н ,,финансиско општество’’.

Препознавајќи ги сите овие карактеристики во работењето на Стопанска банка а.д. Битола, реномираниот финансиски магазин ,,Global Banking & finance’’ по четврти пат на Стопанска банка а.д. Битола во 2018 година и ја додели наградата за ,,Најдобра банка за работа со правни лица’’ и ,,Најдобра банка за работа со физички лица’’.

 

Континуитетот на добивање на оваа награда, веќе четврта година по ред , е повеќе од доволен доказ дека Стопанска банка а.д. Битола посветено и одговорно води грижа за своите клиенти, го подобрува своето работење и успешно одговара на потребите како на правните така и на физичките лица кои се клиенти на Банката.

Едно во низата на значајни признанија за 2018 година припадна на Управниот Одбор на Стопанска банка а.д. Битола која од страна на ,,Business Worldwide Magazine’’ е прогласена за ,,Најдобро менаџирана банка во 2018 година’’.

Овие награди кои се потврда на квалитетната и посветена работа на Банката ја заокружија успешната 2018 година за Стопанска банка а.д. Битола. Нивното значење е уште поголемо бидејќи се добиени во годината кога Стопанска банка а.д. Битола го прослави својот голем јубилеј – 70 години постоење. Ваквите големи достигнувања и признанијата со кои истите се потврдени се мотив плус Стопанска банка а.д. Битола да продолжи да работи и да се докажува како стабилна и квалитетна банкарска институција.

Домашни банки

НЛБ Банка предвреме ќе врши исплата на априлските пензии

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека на 25-ти април 2019 (четврток), ќе изврши исплата на априлските пензии за оние пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија (ФПИОСМ) на нивна денарска сметка во НЛБ Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Известување за работата на експозитурите за време на Велигден и 1 Мај

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти дека по повод претстојните велигденски и првомајски празници, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 26.04 (петок), 29.04 (понеделник) и 01.05.2019 (среда). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за работата на експозитурите на ТТК Банка за време на Велигденските празници

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека по повод претстојниот празник – „Велики петок“, петок пред Велигден, на 26 април 2019 година (петок) ќе работат следните експозитури и филијали на  АД Скопје: (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange