Connect with us

Платежни картички

Нови и единствени на пазарот VISA припејд картички од Силк Роуд Банка

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје го збогати своето портфолио на платежни картички од брендот VISA со воведување на нови припејд картички за физички и правни лица. 

Новите припејд картички се уникатни на пазарот во Македонија од причини што истите имаат можност за надополнување на картичките, според потребите на корисниците. Картичките се бесконтактни со меѓународна важност изработени според највисоките безбедносни стандарди за картично работење. Можат да се користат за подигнување средства од банкомати, плаќање во трговија секаде каде што е означен знакот на VISA или при вршење на интернет плаќања.

При креирањето на карактеристиките на новите припејд картички за физички и правни лица од брендот VISA се водевме од нивните реални потреби и можности. Картичките нудат уникатна и единствена можност на пазарот во Македонија за надополнување со средства, секогаш кога ќе има потреба корисникот. Исто така, корисниците можат сами да го одредуваат дневниот лимит за трансакции. Картичките се со можност за вршење на бесконтактни плаќања без потреба од внесување на ПИН код, изработени според највисоките безбедносни стандарди 3D Secure за вршење на трансакци со картички. Аплицирањето за картичките е едноставно и се врши со валиден документ за идентификација во било која експозитура на банката“, велат од Службата за картично работење.

Visa Consumer припејд картичката претставува едноставен, безбеден и удобен начин за управување со вашите средства. Истата е наменета за физички лица и е без трошоци за годишна членарина. Картичката може да се користи на милиони локации во светот, за подигнување готовина од банкомати, за интернет плаќања и во продажни места. 

Visa Business припејд картичката за правни лица нуди олеснителна можност на компаниите во заштеда на време и пари со намалување на трошоци при обработка на платниот список, зголемување на ефикасноста на процесите во компанијата и промовирање на лојалноста на вработените. Картичката е со максимална вредност до 1.440.000 денари и е поврзана со трансакциската сметка на компанијата во банката.

Платежни картички

ПРОМОТИВНО за корисниците на кредитни картички на ЦКБ

Објавено

на

Централна кооперативна Банка АД Скопје ги известува своите клиенти, дека во периодот од 26.11.2020 година до 29.11.2020 година подигнувањето на готовина со кредитните картички за физички лица издадени од ЦКБ АД Скопје, на банкоматите на Банката – ќе биде без провизија! (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

5% поврат на средства со „#AMEX #BlackFriday SALE“ кампањата

Објавено

на

По повод денот на шопингот „black friday“, Силк Роуд Банка за корисниците на American Express кредитните картички подготви единствено од ваков тип на пазарот „#AMEX #BlackFriday SALE“ шопинг изненадување.

(more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

НЛБ Банка со промотивна кампања за VISA Business картички за правни лица

Објавено

на

НЛБ Банка од денес (20 ноември 2020 година) започнува промотивна кампања за Visa Business картичките за правни лица која ќе трае до 20 декември 2020 година. Во рамки на кампањата Банката нуди промотивни поволности за сите нови и постоечки корисници на Visa Business картичките. (more…)

Продолжи со читање

Популарно