Connect with us

Платежни картички

Нови бесконтактни MasterCard картички на Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје следејќи ги пазарните трендови воведе можност за бесконтактно плаќање со платежните картички од брендот на MasterCard.

Клиентите на банката, одсега може да уживаат во едноставноста и брзината што ги прават бесконтактните плаќања удобни и комфорни. Со воведувањето на бесконтактните плаќања, Банката обезбеди поголема практичност и физичка безбедност, бидејќи при процесот на плаќање картичката е во рацете на корисникот, без при тоа некој да може да ги види податоците или злоупотреби податоците од картичката. Известувањето преку СМС порака при секоја успешна трансакција, на корисниците дополнително им дава сигурност во користењето на картичката, како и подобар увид на реализираниот промет со истата.

Новиот модерен дизајн, како и функционалноста, ги прави препознатливи новите картички на Капитал Банка, кои се веќе достапни по најповолни услови на пазарот.

Аплицирајте и искористете ги поволностите кои ги нудат новите бесконтактни платежни картички! Добијте дебитна или кредитна картичка без чланарина и уживајте во останатите придобивки:

Кредитни картички Mastercard Standard и Mastercard Gold

  • Бесконтактно плаќање
  • Купување во трговија без провизија
  • Без членарина во првата година
  • Грајс период од 45 дена, без трошоци
  • Минимален процент на месечна отплата на искористениот износ од 3%
  • СМС известување за секоја успешно реализирана трансакција
  • Минимална документација при аплицирање и брз одговор
  • Можност за учество во наградна игра

Дебитна картичка Mastercard Debit

  • Бесконтактно плаќање
  • Без годишна членарина
  • Купување во трговија без провизија
  • СМС известување за секоја успешно реализирана трансакција
  • Подигнување на средства од АТМ без провизија

Како дел од промотивните активности на новите картички, Капитал Банка најавува отпочнување на Наградна игра со богат фонд на награди, која веруваме дека ќе биде предизвик за секој корисник на безконтактна картичка на Банката.
Со цел привлекување на нови клиенти и задржување на постојните, Капитал Банка континуирано инвестира во развивање на нови производи и услуги, усовршување и модифицирање на постојните, при што нуди разни поволности за клиентите, како најповолни каматни стапки, ослободување од членарина за првата година од користењето, промотивни кампањи, попусти, привилегии и бонуси.

Платежни картички

Дали паметно ја користите вашата кредитна картичка?

Објавено

на

Возите автомобил и точите гориво во него? Купувате лекови или производи за нега во аптеките? Нарачувате производи онлајн од домашни онлајн продавници? Зошто тогаш не размислите за можноста да добиете попуст на направените трансакции. Односно, да добиете бонус поени кои потоа можете да ги искорстите за нови пазарувања. Токму тоа го нуди бонус програмата на Халкбанк АД Скопје наменета за корисниците на кредитните картички од брендовите Mastercard и Visa издадени од банката, што може да биде одличен начин да заработите од купувањата што сепак требаше да ги направите. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Динерс воведе можност за подигнување готовина на банкоматите на Халкбанк

Објавено

на

Diners Club Македонија им овозможи на корисниците на картички да подигнуваат готовина од банкоматите на Халкбанк АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

НЛБ Банка со промотивна кампања за сите Mastercard кредитни картички за физички лица – Вистинска можност да добиете повеќе!

Објавено

на

Почнувајќи од денеска, НЛБ Банка започнува промотивна кампања со која постоечките и новите корисници на некоја од НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица имаат вистинска можност да добијат повеќе.

Имено, во периодот од 10 мај до 30 јуни годинава, за постоечките и новите корисници на Mastercard Standard, Mastercard Light, Mastercard Gold и Mastercard HaPPy картичките, НЛБ Банка овозможува единствени поволности, парична награда или бесплатна членарина за првата година од користењето.

Поконкретно, во промотивниот период, 1.000 клиенти – иматели на некоја од споменатите Mastercard картички кои ќе направат најголем број трансакции ќе добијат паричен износ во висина од 2.000 денари на нивната картичка. Дополнително, сите оние кои, во промотивниот период, ќе аплицираат и ќе станат корисници на некоја од наведените Mastercard картички ќе добијат бесплатна членарина за првата година од користењето.

НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица може да се користат во земјата и во странство, за плаќање на продажни места и подигање готовина на банкомати секаде каде е истакнат знaкот на Мastercard. Дополнително, Mastercard HaPPy картичката е единствената картичка на пазарот која нуди загарантирана можност за cashback за секое нејзино користење.

Повеќе детали за Mastercard кредитните картички и промотивните понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат во сите експозитури на Банката, како и на веб-страницата: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број 02/15 600.

Продолжи со читање


Популарно