Connect with us

Форекс

Новите измени на Правилата за котација на Македонска берза, тема на три работилници со котираните компании

Објавено

на

На 22 и 23 септември, преку online платформата ZOOM, Берзата организираше три работилници на кои беа поканети сите 100 котирани компании во врска со имплементацијата на новите измени на Правилата за котација. Целта на работилниците беше детална презентација и дополнителни појаснувања поврзани со новите Правила за котација што стапија на сила на 21 септември.

Со најновите корекции на Правилата за котација на Берзата воведени се повеќе новитети што ќе ја зајакнат достапноста и транспарентноста на податоците за работењето на котираните компании, при што особено треба да се истакнат следните:

  • Воведен е годишен календар на настани во кој ќе бидат прецизирани неделите од годината во кои ќе вршат јавни објави на финансиски извештаи и/или други битни настани поврзани со работењето на котираните друштва;
  • Извршено е општо скратување на роковите за објава на финансиските извештаи, согласно најдобрите европски и регионални пракси;
  • Воведена е „Листа за набљудување“ која е јавно достапна на Интернет страницата на Берзата и на којашто во иднина ќе се внесуваат издавачи за кои Берзата смета дека треба да и се обрне внимание на инвеститорската јавност поради посериозно непостапување на издавачот согласно Правилата за котација или поради други ситуации поврзани со хартиите од вредност или со издавачот.

Пречистениот текст на Правилата за котација во којшто се целосно вградени сите измени и дополнувања може да ги најдете на следниот линк.

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Објавено

на

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Објавено

на

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)

Продолжи со читање

Популарно