Connect with us

Останато

Новите антикризни мерки ќе бидат насочени кон најранливите граѓаните кои имаат помалку од другите

Објавено

на

Месецов се очекува повторно да биде прогласена криза состојба во енергетиката. Од Владата најавуваат нови антикризни мерки за граѓаните и компаниите, а главна задача како што велат ќе биде да се обезбеди струја и други енергенси во текот на зимата.

„Антикризните мерки ќе бидат насочени кон оние кои се најранливи во државата, како што и беше досега. Затоа граѓаните кои се со ниски примања, кои имаат помалку од другите да знаат дека ќе бидат први на кои ќе се однесуваат мерките”, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој потсети дека со ребалансот на Буџетот обезбедени се 76 милиони евра за кризата и рече дека веќе е започнат дијалогот со стопанските комори во однос на дефинирање на мерките, прес се, за снабдувањето со електрична енергија. Обезбедувањето струја и други енергенси, вели премиерот, ќе биде главна задача претстојната зима.

„Пред нас претстои најтешката зима во повоена Европа. Тоа јас го кажував уште во мај, но сите се уверивте и со изјавите на сите премиери од регионот, но и од Европа. Тие антикризни мерки ќе бидат насочени кон најранливите во државата, како што беше и досега. Затоа граѓаните кои се со ниски примања и кои имаат помалку од другите да знаат дека ќе бидат први. Исто така главна задача ќе биде да се обезбеди електрична енергија и енергенси во текот на зимата”, изјави Ковачевски.

Со оглед дека државава стопроцентно се обезбедува со гас од Русија, премиерот посочи дека ќе мора да се обезбеди непречено снабдување и преку алтернативни извори, а ресорните министри веќе работат во таа насока заедно со соседните држави.

„Главна задача ќе биде да се обезбеди електрична енергија и енергенси во текот на зимата. Знаете дека сме држава која 100 отсто се снабдува со гас од Русија и ќе мораме да обезбедиме непречено снабдување и преку алтернативни извори затоа ресорните министри веќе работат заедно со соседните држави во однос на тоа. Ако се јават недостатоци на електрична енергија на европскиот континент, веќе сме во разговори со Европската Комисија (ЕК) во однос на обезбедување на електрична енергија”, изјави Ковачевски.

Останато

Пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти

Објавено

на

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Годишната стапка на инфлација во Белгија 11,27 проценти, највисоко ниво во последните 50 години

Објавено

на

Годишната стапка на инфлација во Белгија се искачи на 11,27 проценти во септември, што е највисоко ниво во последните 50 години, покажуваат официјалните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Владата обезбеди 250 милиони евра со поволни услови преку германски хартии од вредност

Објавено

на

Владата донесе одлука за издавање хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen”, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби. (more…)

Продолжи со читање

Популарно