Connect with us

Форекс

Новиот бран на коронавирусот повторно ја носи Македонската берза во црвена зона

Објавено

на

Новиот бран на вирусот Ковид-19 одново носи негативни последици за Македонската берза. Токму кога се чинеше дека акциите на котираните друштва на Македонска берза ја стабилизираа својата вредност и ја надминаа корона кризата, последните случувања го кажуваат токму спротивното.

Како што вирусот Ковид-19 повторно почна неконтролирано да се шири, од ден на ден се зголемува бројот на новозаболени, така се повеќе се зголемува неизвесноста, а тоа негативно влијае врз вредноста на акциите на котираните друштва на Македонска берза.

На последниот ден за тргување единствено акциите на Стопанска банка АД Скопје и Алкалоид АД Скопје забележаа минимален пораст на својата вредност од 0,60 проценти односно 0,36 проценти, соодветно.

Сите останати акции забележаа загуба на дел од својата вредност. Најголем пад на вредноста забележаа банкарските акции на НЛБ Банка АД Скопје од 2,99%, како и УНИБанка АД Скопје и ТТК Банка АД Скопје чиишто акции ја намалија својата вредност за 2,92% односно 2,88 проценти, соодветно.

Други компании кои загубија дел од вредноста на своите акции на последниот ден за тргување се Гранит АД Скопје од 0,51%, а минимален пад на вредноста забележаа и акциите на Макпетрол АД Скопје и на Комерцијална банка АД Скопје.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6959 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 54.8408 денари, британската фунта изнесува 68.7879 денари, додека пак швајцарскиот франк е 57.2000 денари.

Форекс

Руската вакцина ја сруши цената на златото и среброто

Објавено

на

Цените на скапоцените метали забележаа драстичен пад на азиските пазари во текот на минатата вечер. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Аналитичарите проценуваат дека една унца злато ќе достигне вредност од 4.000 долари до крајот на годината

Објавено

на

Цената на златото изминативе денови се искачи на рекордно ниво коешто не е забележано уште од септември 2011 година, бидејќи инвеститорите се насочуваат кон безбедни инвестиции поради високиот степен на глобална неизвесност, а златото секогаш се смета за најсигурна и најбезбедна инвестиција. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот зајакна во однос на еврото и швајцарскиот франк

Објавено

на

Доларот ја зголеми својата вредност во однос на еврото и на швајцарскиот франк на меѓународните пазари на валути, бидејќи инвеститорите се фокусираа на американската помош во време на корона кризата и на ескалацијата на тензиите меѓу САД и Кина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно