Connect with us

Електронско банкарство

Нова функционалност на електронското банкарство на Комерцијална банка – мТокен за брзи и лесни електронски трансакции

Објавено

на

Комерцијална банка го претставува мТокен! Нова и практична функционалност во бесплатната апликација мБанка, која служи за авторизација на трансакции во Интернет банка.

мТокенот е бесплатна алатка која ги заменува листите со еднократни кодови преку кои се потврдуваат трансакциите во Интернет банка. Сега уште полесно и побезбедно клиентите може да ги извршуваат своите финансиски трансакции, да поднесат барање за кредит или за кредитна картичка, да вршат промена на личните податоци и сите останати постапки преку електронската банка во кои е потребно да го потврдат својот идентитет.

За клиентите да можат да ја користат опцијата мТокен доволно е само да ја преземат бесплатната апликација мБанка на својот мобилен телефон или таблет од Google Play, App Store или Huawei AppGalery. Кај постојните корисници на мБанка, пак, опцијата мТокен ќе се појави со ажурирање на најновата верзија.

Сите чекори за активирање и користење на мТокенот се објаснети во Водичот за мТокен.

Со електронското банкарство на Комерцијална банка отсега имате банка на дофат на рака!

Електронско банкарство

НЛБ Банка со промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско и НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица

Објавено

на

Во текот на месец ноември, НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско банкарство и НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нов дизајн и функционалности на S-банка мобилната апликација

Објавено

на

Новата верзија на S-банка со нов, модерен и интуитивен дизајн е веќе достапна за сите корисници на мобилно банкарство на Шпаркасе Банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ПроКредит Банка со нови функционалности за корисниците на електронско банкарство

Објавено

на

ПроКредит Банка како прва целосно дигитална банка постојано развива нови иновативни дигитални банкарски услуги, со бројни предности и функционалности за клиентите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно