Connect with us

Домашни банки

Нова услуга од Комерцијална банка – Уплата на дневен промет во готово на банкомат

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје овозможи нова услуга за клиентите правни лица кои вршат уплата на дневен промет во готово. Од 01.01.2020 година сите правни лица кои поседуваат Visa Business Debit дебитна картичка може да извршат уплата на готовина на банкомат по основ на дневен промет.

Банкоматите ги прифаќаат сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари, а средствата се евидентираат на основната трансакциска сметка на правното лице – имател на картичката.

Банката овозможи и промотивен рок до 30.06.2020 година, во кој може да се врши уплата на дневниот промет на банкомат без надомест.

Уплата на готовина може да се врши на банкоматите на Комерцијална банка на следните локации: Експозитурите во Скопје – Ѓорче Петров, Ченто, Маџари, ГТЦ 1, Стопанска комора, Лептокарија, Буњаковец, Бисер, Автокомандa, 11 Октомври и во трговските центри Скопје Сити мол и Капитол мол, како и во филијалите во Штип, Струмица, Охрид и во Прилеп.

Домашни банки

Измени во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Второ место за Комерцијална банка на машкиот хуманитарен велеслалом во Маврово

Објавено

на

Кире Солески од Комерцијална банка АД Скопје го освои второто место на хуманитарниот аматерски велеслалом во конкуренција на 84 натпреварувачи од компании од земјава. Манифестацијата по 18-ти пат се одржа во организација на ски-центарот „Заре Лазаревски“ во Маврово од 21 до 23 февруари. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка Македонија и ЕБОР ја продолжуваат успешната соработка за кредитите за енергетска ефикасност

Објавено

на

Денес, во рамките на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во Лондон, Шпаркасе Банка Македонија и Европската банка за обнова и развој потпишаа два договора во вкупен износ од 5 милиони евра, за продолжување на соработката во финансирањето на станбени кредити и поддршка на инвестициите во еколошки технологии со високи перформанси, наменети за зградите во приватна сопственост, вклучувајќи и објекти за домување во Северна Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно