Домашни банки
НОВА ПОМОЌНА БАНКА ЌЕ ГО НАПАЃА БАНКАРСКИОТ ТРОН – Охридска банка АД Скопје официјално се присоедини кон Шпаркасе Банка Македонија!


На 16ти јули 2021 година со упис на статусната промена – присоединување и официјално заврши процесот на присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. Со ова интегрираната Шпаркасе Банка Македонија АД – Скопје, припаѓа во групата на големи банки заземајќи ја 4-та позиција на банкарскиот пазар.
Со успешна финализација на процесот на присоединување, Шпаркасе Банка Македонија ја прошири својата клиентска база и го зголеми пазарниот удел на 13,4% во сегментот население и 15,1% во сегментот на корпоративни клиенти. Интегрираната Шпаркасе Банка Македонија, сега ќе опслужува повеќе од 120.000 клиенти во земјата, преку 35 експозитури и широка мрежа на банкомати на околу 100 локации ширум државата.
Со вкупна актива од 1,15 милијарди евра Шпаркасе Банка Македонија се позиционираше во рангот на големите банки на пазарот како број два во корпоративниот сегмент и број три во сегментот население, нудејќи им на своите клиенти атрактивни и производи и услуги, како и експертиза која доаѓа од Ерсте и Шпаркасе Групацијата.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје како поголема и подинамична банка, со поголем потенцијал и со експертската поддршка која ни ја овозможува нашата матична банка Штаермеркише Шпаркасе, ќе продолжи да нуди отворени можности за финансирање на иновативни проекти со tailor made решенија кои ги креира нашиот искусен и стабилен тим. За секој економски субјект, големи компании и мали бизниси, како и за сите граѓани во нашата држава Банката ќе продолжи да креира најдобри понуди и решенија како финансиски супермаркет и истовремено ќе придонесе за динамизирање на македонската економија и за подобрување на животниот стандард.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје останува стабилен чинител во банкарскиот сектор, партнер на македонската економија, поддржувач на бизнисите, банка посветена на сите свои клиенти и вработени, но и банка ориентирана кон заедницата.
За сите детали околу присоединувањето, како и за информациите поврзани со производите и услугите што им ги нуди Банката на своите клиенти, можете да прочитате во приложената листа на прашања и одговори што Банката ја подготви за Вас.
Заедно можеме повеќе!
Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк.
Домашни банки
Стопанска банка а.д. Битола доделува бесплатни влезници за ЗОО Скопје


Стопанска банка а.д. Битола е верен пријател на Скопската зоолошка градина. Со посебна акција ја изразува поддршката на едно од најубавите и највеселите места за забава во градот. (more…)
Business Man
Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 400 акции од Комерцијална банка АД Скопје
Домашни банки
НЛБ Банка пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025”


НЛБ Банка и оваа година е пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025” кој се одржува во Скопје. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје