Connect with us

Депозити

НОВА НАЈАТРАКТИВНА ПОНУДА за депозити во денари и во евра, во Шпаркасе Банка

Објавено

на

Кога станува збор за штедење, важно е да изберете сигурен и стабилен партнер со кого секогаш добивате нешто Плус.

Шпаркасе Банка креираше атрактивна промотивна понуда што трае до 31.12.2022 г. – Депозит Плус со фиксни каматни стапки за целиот период на орочување.

Депозит Плус е наменет за клиентите што се заинтересирани да штедат на подолг период во денари и во евра.

Депозит Плус е орочен депозит со фиксна каматна стапка за целиот период на орочување, креиран за оние што се заинтересирани да штедат во денари и кои сакаат да направат добар план за заштеда на подолг период.

Кога станува збор за условите, денарските депозити може да се отворат на 13, 24 и на 36 месеци, со фиксни каматни стапки за целото времетраење на орочениот депозит и достигнуваат до 2,50% годишна камата за депозитите на 24 месеци. Девизните депозити во евра може да се отворат на 12 месеци со каматна стапка 0,80%, додека за 25 месеци каматната стапка изнесува 1,30%. Минималниот влог за орочени депозити изнесува 2.000 МКД, односно 100 ЕУР. Исплатата на каматата се врши на доспевање или месечно, а реорочувањето е автоматско.

Штедењето претставува благородна навика што, на долг рок, ни носи сигурност и стабилност. Токму затоа е важно да одберете вистински партнер за штедење со кој секогаш добивате нешто плус, како што е Шпаркасе Банка – дел од најсилната банкарска групација во Југоисточна Европа, која бележи близу 200 години традиција во штедење.

Депозити

„Растеме заедно“ – Детско штедење од Стопанска банка а.д. Битола со фиксна каматна стапка 4,1%

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола своето портфолио на производи го дополни со нов денарски депозит – детско штедење со промотивна фиксна каматна стапка од неверојатни 4,1%, со рок на орочување 36 месеци. Детското штедење е наменето за деца од нивното раѓање па се до 18 годишна возраст. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Одбележан Светскиот ден на штедењето, промовиран Букварот за финансиска едукација и доделување детско штедење на Идолите на Халки

Објавено

на

Со целодневна едукативно-забавна работилница за деца, промоција и видеопроекции и многу музика, Халкбанк АД Скопје вчера во Градскиот парк во Скопје го одбележа 31 Октомври, Светскиот ден на штедењето. Со тоа беше заокружена кампањата „Среќата е во малите чекори“ и низата активности со кои банката го одбележа месец октомври. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

31 Октомври – најсреќниот ден за „Верверичката“ на Комерцијална банка

Објавено

на

Децата се нашата среќа, нашето наследство и иднина, но и нашата одговорност. Нашиот влог е да израснеме образовани, одговорни и амбициозни млади луѓе кои ќе можат понатаму успешно да се носат со предизвиците на животот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно