Connect with us

НБРМ

Нова мерка на Народната банка: Се ослободуваат 8 милијарди денари за поттикнување натамошно кредитирање на македонската економија

Објавено

на

Денес ќе се одржи аукцијата на којашто согласно со одлуката што Народната банка ја донесе во понеделникот, понудата на благајнички записи е за 8 милијарди денари помала во споредба со аукцијата спроведена во март.

Ослободените средства во износ од околу 130 милиони евра се очекува да овозможат натамошна поддршка за македонската економија преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем.

Преземањето на ваквиот чекор од страна на Народната банка следува по намалувањето на основната каматна стапка, регулаторните измени со коишто се обезбедува поголема флексибилност и им се остава поголем простор на банките да се фокусираат на процесот на кредитирање, како и на измените кај задолжителната резерва со коишто се ослободува дополнителна ликвидност и му се дава поддршка на кредитирањето на најпогодените сектори во економијата. Обезбедувањето дополнителна ликвидност е особено важно, имајќи ја предвид специфичноста на шокот од пандемијата на ковид-19 и мерките коишто се преземаат за справување со него.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за МРТ: Не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци

Објавено

на

За оваа и за наредната година, па и среден рок не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за Македонската телевизија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Награди за најдобрите на Европскиот квиз на парите

Објавено

на

Активностите во сферата на финансиската едукација се и мора и натаму да бидат еден од приоритетите. Тоа се потврдува и во текот на ковид-кризата, којашто и покрај нејзиниот карактер не ги запре активностите за поттикнување повисока финансиска писменост. Конкретна потврда е годинешното издание на Европскиот квиз на парите, коешто заради пандемијата се одржа преку онлајн-платформи. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: За побрз раст на малите економии се неопходни поголем извоз и продлабочување на интеграцијата во меѓународната економија

Објавено

на

И во текот на ковид-кризата, извозниот сектор е клучен за економијата. Искуствата покажуваат дека за побрза реална конверегенција, за малите и отворени економии се неопходни забрзување на извозот и продлабочување на интеграцијата во меѓународната економија. Ова меѓу другото го истакнува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во изданието „Топ 100 извозници“ на специјализираниот портал „Извоз.мк“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно