Connect with us

Кредити

Нова кредитна линија од осум милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка за фирмите погодени од Ковид-19

Објавено

на

Владата на вчерашната седница донесе одлука за отворање на новата кредитна линија од осум милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка, која е дел од вториот пакет економски мерки. Бесмакатните кредити се наменети за зачувување на работните места и подобрување на ликвидноста на фирмите, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на нејзиниот официјален Фејсбук профил.

Нова линија 8 милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка за фирмите погодени од COVID-19 Олеснети услови и начин за аплицирање, Поголем износ на кредити. Важи за сите погодени компании. Минимален износ на кредит е 3.000 евра. Максимален износ на кредит е 90.000 евра. Сумата на кредитот се одредува според бројот на вработени од заклучно со 31.01.2020 наведен во изјава при аплицирање, се множи по бројот на вработени, за пресметани најмногу 3 месеци.

Формулата за пресметка на износот кој компанија може да го искористи е следен:
Број на вработени x 14.500 ден x 3 месеци
На пример: компанија со 10 вработени ќе може да добие  14.500 денари X 10 вработени X 3 месеци = 435.000 денари или 7.073 евра

Кредитни услови:
Каматна стапка од 0% на годишно ниво
Рок на отплата до 3 години со вклучен грејс период до 12 месеци.
Обезбедување со меница

Кој може да аплицира?
Сите погодени компании, од сите дејности кои:

  • Имаат намалување на приходот на за повеќе од 30% во тековниот период, на пример во месеците март или април 2020 во споредба со истиот месец минатата година или со просечниот месечен приход во 2019 година;
  • Се регистрирани повеќе од половина година;
  • Немаат неплатени даноци и придонеси до 31.01.2020
  • Не се во постапка на стечај или ликвидација;
  • Не се во категоријата исклучително ризични кредитобаратели

Кредити

Станбен кредит со фиксна каматна стапка за првите 10 години од Силк Роуд Банка

Објавено

на

Со станбениот кредит на Силк Роуд Банка сега е веќе лесно да го одберете Вашиот #НовДом! (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Ковид 3 – нова бескаматна кредитна линија со грант компонента за микро и мали претпријатија

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за воспоставување на бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3), и го задолжи Министерството за финансии, во име на Владата да потпише договор за администрирање на средствата со Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

ПроКредит Банка и компанијата Горењско со поволни услови за финансирање и изведба на сите видови комори и системи за прочистување на воздух

Објавено

на

ПроКредит Банка и компанијата Горењско започнуваат нова соработка преку која изведбата на сите видови комори – различни разладни ситеми, чилери и тунели за брзо ладење, како и системи за прочистување на воздухот кои спречуваат ширење на бактерии и вируси, станува подостапна за сите бизниси во државата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно