Кредити
Нова кредитна линија од Комерцијална банка за обртни средства за вашиот бизнис


На вашиот бизнис му требаат обртни средства? Комерцијална банка ви нуди кредит до 30.000.000 денари со субвенционирана камата преку Програма на Развојната банка на Северна Македонија, наменета за компании кои ја реинвестираат добивката од 2021 година.
Оваа кредитна поддршка ја подобрува ликвидноста на вашата компанија, но ѝ обезбедува и стимул за натамошен раст и развој. Кредитот е со каматна стапка до 4% годишно и со рок на отплата до 12 месеци, а максималниот износ на трошокот за камата кој може да биде субвенциониран е 1.200.000 денари.
Кредитната линија ги поддржува компаниите кои одлучиле да ја реинвестираат добивката остварена во 2021 година. Финансиската поддршка што ќе ја добијат преку кредитот е максимум 20% од остварената нето добивка и максимум до износот на реинвестираната добивка.
Аплицирајте за кредитот за обртни средства со субвенционирана камата во Комерцијална банка и обезбедете си иднина на вашиот бизнис.
Кредити
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот


Сите ние се трудиме повеќе или помалку да балансираме со парите кои ги заработуваме и оние кои ги трошиме, односно сакаме да ги потрошиме. Секако, оваа наша финансиска “дисциплина” може да избега од контрола ако се појават некои непланирани трошоци. (more…)
Кредити
Продолжува промоцијата на атрактивниот Потрошувачки кредит на Комерцијална банка со рок на отплата до 120 месеци


Атрактивниот Потрошувачки кредит до 30.000 евра на Комерцијална банка доби нов промотивен период за уште поголемо задоволство на клиентите. За ненаменскиот потрошувачки кредит со рок на отплата до 120 месеци може да се аплицира до 30.09.2022 година. (more…)
Кредити
Зошто треба да вложувате во енергетски ефикасни производи и проекти


Во време кога сме сведоци на постојан раст на цената на енергијата, станува сосема јасно дека примената на мерки на енергетска ефикасност е најевтиниот и честопати најнепосредниот начин за намалување на потрошувачката на енергија. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје