Connect with us

Домашни банки

Нова кредитна линија од ЕБОР преку Охридска банка

Објавено

на

Преку новата кредитна линија на Европската банка за обнова и развој за Охридска банка во износ од 2 милиони евра, поголем број на домаќинства во Северна Македонија ќе можат да инвестираат во подобрување на енергетската ефикасност.

Охридска банка ќе ги пласира кредитите на домаќинства во приватна сопственост за инвестиции во енергетска ефикасност, како што е изолација, прозорци, пумпи за загревање и соларни панели. По успешното завршување на проектите, кредитобарателите ќе добијат поврат на средства во износ од 20 проценти од сумата на кредитот.

Финансирањето е дел од поголемата програма Програма за поддршка на зелена економија (Green Economy Financing Facility – GEFF) за Западен Балкан, во износ од 135 милиони евра, која поддржува решенија за енергетската ефикасност, во насока на изградба на позелена и поодржлива економија. Програмата е поддржана од Европската Унија, Инвестициска програма за Западен Балкан и Австриското федерално Министерство за финансии.

Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: „Поддршката на зелените инвестиции е една од нашите клучни приоритети и ни претставува задоволство што заедно со донаторите и Охридска банка ги поддржуваме овие активности во земјата. ГЕФФ (GEFF) е успешен механизам за реализација на овие цели и ни претставува задоволство што продолжуваме да ја прошируваме поддршката преку оваа програма.”

ГЕФФ во Северна Македонија е пласирана во над 2.000 домаќинства и додели кредити во износ од над 15 милиони евра за индивидуални проекти преку финансиските институции кои придонесуваат во заштеди на над 10 милиони киловат часови енергија и намалување на емисии од над 4.000 тони на јаглероден диоксид на годишно ниво.

Најчесто финансираните технологии се прозорци и врати, изолација и пумпи за затоплување.

ГЕФФ Програмата се имплементира под програмата Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан, финансирана од ЕУ и реализирана во партнерство со Секретаријатот за енергетска заедница.

До денес над 7.000 домаќинства на Западен Балкан ја подобрија енергетската ефикасност преку ГЕФФ Програмата, со инвестиции во проекти кои придонесуваа во намалување на над 10.000 тони на јаглероден диоксид годишно, што е исто како во сообраќајот да има помалку 6.000 автомобили.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2,14 милијарди евра преку 143 проекти во земјата. Банката се фокусира на проширување на локалниот приватен сектор, промовирање на регионалната и меѓународната интеграција и одржливо користење на ресурсите во земјата.

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“

Објавено

на

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ со целата своја уметничка вредност годинава се враќа во Битола со своето 42-ро издание. Филмските уметници и нивните љубители од 16 до 21 септември во Битола, преку една хибридна форма, ќе имаат можност да уживаат во програмата на фестивалот која содржи 10 долгометражни и 10 кратки филмови.

(more…)

Продолжи со читање



Популарно