Connect with us

Домашни банки

Нова експозитура на УНИ БАНКА во Еast Gate Mall – уникатна услуга за сите клиенти

Објавено

на

УНИБанка продолжи со воведувањето на нови и иновативни бизнис практики во своето работење, овој пат со отворањето на нова експозитура во најголемиот трговски центар во регионот, East Gate Mall во Скопје. Со овој потег се потврдува стремежот на УНИБанка да биде поблиску до своите клиенти и квалитетно да одговори на финансиските потреби на граѓаните и бизнис заедницата во максимално достапни термини за директна и непосредна комуникација со Банката.

Со отворањето на експозитурата во East Gate, УНИБанка се издвои како единствена банка на пазарот која секој ден  од понеделник до недела од 10 до 21 часот на своите клиенти ќе им обезбеди брз и квалитетен пристап до финансиско советување и можност за непосредна комуникација со Банката.

,,Експозитурата во трговскиот центар East Gate Mall е УНИкатна на банкарскиот пазар во целосно отворен стил и природно зеленило со кое допринесуваме за квалитетот на воздухот и чистата еко средина во главниот град. Посебно задоволство ни претставува тоа што овозможивме достап до нашите услуги преку директен контакт во експозитурата вклучувајќи и можност за одобрување и исплата на кредитни производи надвор од  работно време на клиентите”. – велат од банката.

По повод отворањето на новата експозитура, УНИ Банка ги наградува сите нови клиенти кои ќе аплицираат за потрошувачки кредит, овердрафт или кредитна картичка до 31.12.2021 година со ослободување од административен трошок за разгледување и обработка на кредитно барање, како и бесплатно за првата година осигурување на живот од Кроациа осигурување – Живот, за одобрено дозволено пречекорување или лимит на кредитна картичка.

Домашни банки

УНИБанка со голема поволност за сите нови клиенти

Објавено

на

УНИБанка пред неполн месец ја отвори својата нова експозитура која е лоцирана во скопската населба Капиштец. Ова е дел од сеопфатаната стратегија за проширување на мрежата на Банката со што таа станува се подостапна за своите клиенти, за физичките и за правните лица. Новата експозитура се наоѓа на улицата Народен фронт број 17 и впрочем е 32 експозитура на УНИБанка во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

БАНКАТА НА ГОДИНАТА ОСТВАРИ РЕЗУЛТАТ КОЈ ГО ОПРАВДУВА ОВОЈ ЕПИТЕТ – Комерцијална банка оствари фантастична добивка од 37,5 милиони евра во 2021 година!

Објавено

на

Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе во однос на минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Очекувања на менаџментот на СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2022 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно