Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Нова експозитура на ТТК Банка АД Скопје во општина Чаир

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ја прошири својата деловна мрежа и свечено ја отвори новата експозитура во општина Чаир, Скопје.

Во согласност со својата стратегија за поголема достапност, а во насока на обезбедување навремена и квалитетна услуга од 06.03.2019 година започна да работи нова експозитура на ТТК Банка АД Скопје во општина Чаир.

Новата експозитура на ТТК Банка АД Скопје, во голем и современ простор, кој се наоѓа на ул. „Кемал Сејфула“ бб, ќе работи со работно време од понеделник до петок од 8:00 до 16:00 часот.

На овој начин Банката ќе ги приближи своите производи и услуги до сегашните и идни корисници, физички и правни лица кои до сега ги имаа на располагање најблиските експозитури. Корисниците ќе бидат опслужени од страна на високостручен тим кој ќе овозможи ефикасна и брза поддршка при изборот и користењето на финансиските производи што ги нуди банката и коишто се најсоодветни за корисниците. Во рамките на експозитурата се наоѓа и банкомат на Банката.

Пред присутните се обрати претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, д-р Драгољуб Арсовски, кој истакна: „Главна цел на ТТК Банка АД Скопје е да биде прв и сигурен избор на граѓаните и компаниите. Настојуваме да го постигнеме ова не само со нашето искуство, традиција и професионалност, туку и со постојано подобрување на работењето и зголемување на достапноста на производите и услугите што ги нудиме. Оваа цел сакаме да ја постигнеме и со тоа што им овозможуваме на нашите клиенти подобри и поквалитетни услуги што ќе ја олеснат секојдневната потреба во финансиското работење“.

По повод отворањето на новата експозитура, ТТК Банка АД Скопје подготви изненадувања за првите корисници кои ќе отворат сметка или ќе аплицираат за кредит.

Актуелно корисниците имаат можност да аплицираат за кредитните производи по промотивни услови:

  • Visa кредитната картичка со 0% камата и без членарина во првата година,
  • атрактивните потрошувачки кредити со ниска фиксна каматна стапка почнувајќи од 5,5% годишно,
  • хипотекарните кредити со фиксна каматна стапка за првите три години од 4,9% годишно,
  • супер станбениот кредит со фиксна каматна стапка во првите три години од 2,85% годишно, со намалени трошоци за одобрување и други поволности.

Со отворањето на новата експозитура во Чаир, Скопје ТТК Банка АД Скопје ја прошири својата деловна мрежа на вкупно 7 филијали, 20 експозитури и 2 шалтери ширум републиката.

Домашни банки

НЛБ Банка добитник на награда „Компанија ориентирана кон луѓето“

Објавено

на

Во рамките на овогодинешната 11. Меѓународна конференција за човечки ресурси „HR – the catalyst of transformation“, Македонската Асоцијација за човечки ресурси – МАЧР ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк традиционално организираше Ифтар во рамки на месецот Рамазан

Објавено

на

Халкбанк и оваа година, во рамки на месецот Рамазан, традиционално организираше Ифтар за голем дел од своите партнери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк и Мастеркард и оваа година верни партнери на „Охрид ТрчаТ“

Објавено

на

Халкбанк во партнерство со Мастеркард и Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ го најавија продолжувањето на својата соработка за третото издание на спортскиот хепенинг „Охрид ТрчаТ“, кој оваа ќе се одржи во периодот од 31 мај до 2 јуни во Охрид. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange