Странски банки
НЛБ ќе исплати дивиденда од 5,5 евра!

Најголемата словенечка банка НЛБ го објави годишниот извештај од кој се гледа дека со минатогодишните исплати на акционерите ќе им исплати 500 милиони евра дивиденда до 2025 година.
За тековнава година се очекува исплата од 110 милиони евра, односно бруто дивиденда од 5,5 евра по акција. Редовното годишно собрание на компанијата ќе се одржи на 19 јуни, но се уште не се знае дали НЛБ ќе ја исплати дивидендата во два дела, идентично како и претходната година.
Нова Љубљанска Банка на редовното годишно собрание ќе ги открие деталите за предлогот за исплата на дивидендата.
За потсетување, НЛБ претходната година свика две собранија за исплата на дивиденда, првото во јуни и второто во декември и на секое од нив на акционерите им беше понудена дивиденда од 2,5 евра бруто по акција. Лани банката исплатила вкупно 100 милиони евра дивиденда.
Конечните податоци за минатогодишното работење не се разликуваат значително од претходно објавените. Според ревидираните деловни податоци, минатогодишната нето добивка достигна 446,9 милиони евра, при што 172,9 милиони евра од добивката дојде од консолидацијата на средствата преземени минатата година од Сбербанк (сега Н банка) во групата. Во претходната година, нето добивката на групацијата изнесуваше 236,4 милиони евра.
Групацијата на крајот на минатата година имаше 2,77 милиони активни клиенти, од кои 737.000 се во Словенија, каде што има убедливо најголемо кредитно портфолио, во вредност од седум милијарди евра.
Најголем број клиенти, дури 972.000, има во Србија, каде кредитното портфолио изнесува 2,6 милијарди евра. Целото кредитно портфолио на групацијата на крајот на минатата година изнесуваше 13,07 милијарди евра, а вкупниот биланс на состојба достигна рекордни 24,16 милијарди евра.
Минатата година НЛБ повторно почна да се занимава со лизинг. Наменската филијала во Словенија на крајот на годината имаше кредитно портфолио од 189 милиони евра.
Странски банки
ПроКредит Групацијата постигна значителни резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

Групацијата ПроКредит, која главно е активна во Југоисточна и Источна Европа, објави висок финансиски резултат од 94,0 милиони евра за првите девет месеци од 2023 година. Приносот на капиталот значително се подобри на ниво од 13,6 %, со што се нагласуваат среднорочните проекции на групацијата. Добриот резултат главно беше поттикнат од континуираната позитивна динамика на нето-каматната маржа, како и од подобрениот коефициент трошоци-приходи од 58,7%. Стабилните показатели за кредитниот ризик доведоа до умерена цена на ризикот од 20 базични поени, каде спаѓаат и дополнителните резервации за загуби резервирани во третиот квартал на работењето на групацијата во Украина. Како резултат на силниот оперативно-финансиски развој во целата групација, Управниот одбор реши на 26 октомври 2023 година повторно да ги подигне проекциите за финансиската 2023 година. (more…)
Странски банки
ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Банката во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Северна Македонија. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 ноември и ќе ја води канцеларијата на Банката во Скопје. (more…)
Странски банки
ПроКредит Холдинг АД: Успешно спроведена трансформација во акционерско друштво

Матичната компанија на развојно ориентираната Групација ПроКредит успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG). Трансформацијата беше завршена со внесување на ПроКредит Холдинг АД во трговскиот регистар на 27.9.2023 година. Претходно, на Годишното генерално собрание одржано на 5.6.2023 година беше донесена одлука за одобрување на промената на правна форма со многу големо мнозинство. Трансформацијата во акционерско друштво има за цел дополнително да го подобри прифаќањето на инвеститорите, особено меѓу учесниците на меѓународниот пазар, а, во исто време, да ја поедностави корпоративната структура. Деловниот фокус на ПроКредит Холдинг, особено со акцент на Југоисточна и Источна Европа и неговата посветеност да се постигне влијание, остануваат непроменети. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје