Connect with us

Странски банки

НЛБ: Сè уште не сме одлучиле дали ќе го задржиме брендот Комерцијална банка

Објавено

на

Блаж Бродњак, претседател на Извршниот одбор на Нова Љубљанска банка во Словенија, изјави дека банката која направи огромна капитална инвестиција со купувањето на српската Комерцијална банка пред неколку дена, сè уште не одлучила дали да го задржи брендот на Комерцијална банка.

„Комерцијалната банка во Србија е вреден, јак бренд, тоа секако го имаме во предвид и треба да бидеме паметни. Сè уште не сме одлучиле дали да ќе го задржиме брендот Комерцијална банка“, одговори Бродњак на прашањето на „Nova.rs” дали ќе се задржи брендот и името на Комерцијална банка а.д. Белград.

За потсетување, претходната недела српската влада го продаде својот контролен пакет од 83,23% обични акции кои ги поседуваше во Комерцијална банка а.д. Белград на Нова Љубљанска банка (НЛБ) за 387,02 милиони евра.

Тоа значи дека државата го продаде својот удел во една од највредните српски финансиски институции по цена која приближно одговара на вкупната вредност на банката на белградската берза, но и по цена која е за 40% пониска од таа што ја плати кога ги купи акциите од Европската банка за обнова и развој и Меѓународните финансиски корпорации, пренесува порталот „НоваЕкономија“.

Во процесот на подготовка за целосна приватизација, државата Србија откупи голем дел од акциите од овие инвеститори, трошејќи 265 милиони евра за околу 35% од акциите.

По таа цена, Србија ја вреднуваше банката во висина од 650 милиони евра односно 38 евра по акција или 40% повеќе од сегашната договорена цена.

Исто така, беше договорено дека државата ќе добие приходи од камати по каматна стапка од 2% на годишно ниво, камата што Нова Љубљанска банка (НЛБ) би била обврзана да и ја плати на Србија, за периодот од 1 јануари 2020 година до денот на комплетирање на трансакцијата. Во договорот е предвидено и исплата на дивиденда на 50% од прикажаната добивка за 2019 година, при што на државата Србија би и следувало околу 31 милиони евра.

Исто така, предвидена е исплата на дивиденди и од претходните години, врз основа на што Србија ќе добие дополнителни 26 милиони евра, се додава во соопштението.

Странски банки

Банкарскиот сектор се стабилизира, берзите растат втор ден по ред

Објавено

на

На европските берзи утринава цените на акциите пораснаа втор ден по ред, најмногу во банкарскиот сектор, кој закрепнува по серијата мерки на централните банки за стабилизирање на секторот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми каматните стапки за 0,5 процентни поени со цел да ја намали инфлцијата

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) зголеми три клучни каматни стапки, за 0,5 проценти со цел да го намали нивото на инфлацција. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Роберт Кијосаки – човекот кој ја предвиде финансиската криза во 2008 година и колапсот на Леман Брадерс, предвидува слично сценарио и за уште еден банкарски гигант!?

Објавено

на

Колапсот на Silicon Valley Bank (SVB), која прекина со работа во петокот, откако не успеа да собере нов дополнителен капитал, па продаде државни обврзници со големи загуби за да ги исплати клиентите што ги подигнаа своите парични средства, придонесе целиот финансиски сектор да биде нестабилен и стравувањата се дека кризата може да се прошири и во други банки и земји. (more…)

Продолжи со читање

Популарно