Connect with us

Странски банки

НЛБ: Преземањето на Комерцијална банка тече според планот

Објавено

на

Преземањето на Комерцијална банка а.д. Белград се одвива според плановите, објави банкарската НЛБ Групација.

„Фокусот на НЛБ Групацијата останува на поддршка на системската улога на сите пазари на кои работи“, изјави претседателот на Надзорниот одбор на НЛБ Примож Карпе.

Тој додаде дека целата групација докажала дека може да се справи со стресните ситуации и дека во НЛБ Групацијата веруваат дека решително ќе се справат со предизвиците што ги поставува новиот коронавирус и успешно ќе ја надминат оваа криза.

Според финансиските извештаи, НЛБ Групацијата објави нето добивка од 193,6 милиони евра во 2019 година, при што сите членки на НЛБ на ЈИЕ пазарите работеле профитабилно и оствариле добивка, при што придонеле со раст од 39% во резултатите на групација.

Од претходно е познато дека НЛБ Групацијата ќе ја преземе најголемата српска државна банка Комерцијална банка а.д. Белград. Според најавите, тоа се очекува да се случи најдоцна до четвртиот квартал на тековнава година.

Странски банки

Звучи неверојатно, но функционира – Има само еден банкомат во целиот град и го користат 8.000 луѓе

Објавено

на

Градот Амптил во Британија има вековна историја, активен пазар, а повеќето продавници во овој град работат самостојно. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централната банка на Шведска ја зголеми поддршката за економијата

Објавено

на

Централната банка на Шведска значително ја зголеми вредноста на програмата за откуп на средства за поттикнување на инфлацијата и поддршка на економијата во време на корона кризата. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

На американските банки не им е дозволено да зголемуваат дивиденди

Објавено

на

Акциите на американските банки беа под притисок во текот на изминатата недела. (more…)

Продолжи со читање

Популарно