Останато
НЛБ Нов пензиски фонд а.д. Скопје под ново име Сава пензиско друштво а.д.Скопје ќе продолжи да обезбедува сигурни пензиски заштеди за своите членови


НЛБ Нов пензиски фонд а.д. Скопје го заврши процесот на пререгистрирање и ќе продолжи да функционира под името Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Друштвото и во иднина ќе продолжи да управува со двата пензиски фонда и тоа задолжителениот пензиски фонд, со ново име Сава пензиски фонд и доброволниот пензиски фонд, Сава пензија плус.
Заедно со новото име, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, Друштвото во процесот на ребрендирање ќе добие целосно нов визуелен лик. Друштвото ќе продолжи да функционира и работи на ист начин како и досега, стремејќи се да обезбеди сигурни пензиски заштеди за своите осигуреници, преку остварување на соодветен долгорочен принос од инвестициите на средствата на фондовите. Партнерството и континуитетот во едукацијата и комуникацијата со нашите членови и понатаму ќе остане наш врвен приоритет.
Промените во називот и ребрендирањето на НЛБ Нов пензиски фонд следуваат откако словенечката компанија Сава Ре дд., Љубљана, во март годинава стана сопственик на 100% од акциите на пензиското друштво. Процесот за преземање на Друштвото се одвиваше преку законски дефинирана постапка, контролирана од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Словенечката Групација Сава Ре дд Љубљана, моќна и стабилна групација со извонредно меѓународно реноме, која веќе 40 години е дел од осигурителната и реосигурителната индустрија и бележи одлични резултати, ги исполни строгите критериуми пропишани со законската регулатива и стана сопственик на Друштвото. Групацијата Сава Ре во моментов поседува седум друштва за осигурување и две пензиски друштва, што ја прави една од поголемите групации во осигурителниот сектор во Југоисточна Европа.
Менаџментот на Друштвото, оценувајќи ја финансиската кондиција и нивото на воспоставените процеси и акумулираното искуство, најавува брзо и успешно позиционирање на пазарот на новиот бренд Сава пензиско друштво а.д. Скопје и обезбедување континуитет и стабилност, што претставува примарен интерес за сегашните и идните членови на пензиските фондови и новите сопственици на Друштвото.
– И во оваа прилика го истакнуваме фактот дека пензиските фондови, со кои ќе продолжи да управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје, беа и остануваат во сопственост на нивните членови и нивните средства се целосно одвоени од имотот на Друштвото. Ние сме убедени дека со влезот на Групација Сава Ре и високата синергија помеѓу осигурителната и дејноста пензиско осигурување се отвораат нови можности и перспективи за развој што е во интерес на членовите на пензиските фондови. Една од нашите примарни цели во наредниот период ќе биде создавањето на услови за проширување на продажната мрежа, преку лиценцирани агенти во мрежата на Сава осигурување а.д. Скопје и заедно со постојната продажна мрежа, што продолжува да функционира преку експозитурите на НЛБ Банка АД Скопје, да обезбедиме натамошно подобрување на кавалитетот на услугите и достапноста до сегашното и потенцијалното членство – велат од менаџментот на „Сава пензиско друштво“ а.д. Скопје.
Останато
Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2%, а увозот за 28,7 проценти


Вкупната вредност на извозот од земјава во периодот јануари – јуни 2022 година изнесува 4.097.486.000 евра и бележи раст од 20,2 проценти во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока е 5.974.699.000 евра што е зголемување за 28,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. (more…)
Криптовалути
(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?


Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје