Странски банки
НЛБ нема да исплаќа дивиденда оваа година

Најавите полека, но сигурно стануваат реалност. Најголемата словенечка банка НЛБ оваа година нема да исплаќа дивиденда за акционерите.
Предлогот ќе биде ставен на гласање на Годишно собрание на акционери кое е планирано да се одржи на 15 јуни, но повеќе од јасно е дека истиот ќе биде изгласан.
Во февруари, НЛБ групацијата објави дека нето добивката за претходната година изнесува 194 милиони евра. Покрај проблемите предизвикани од корона кризата, дополнителна причина за неисплаќањето на дивиденда е преземањето на белградската Комерцијална банка.
За разлика од оваа, претходната година Нова Љубљанска банка исплати бруто дивиденда од 7,13 евра по акција.
Исто како и во Словенија, така и македонската НЛБ Банка оваа година нема да исплати дивиденда на своите акционери на кои претходно им најави дека е предвидена исплата на бруто дивиденда од 1.980 денари по акција.
Во Југоисточна Европа, групацијата НЛБ покрај матичната Словенија, работи и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, како и во Северна Македонија.
Согласно најавите од матичната банка во Словенија, ниту една банка под групацијата на НЛБ годинава нема да ги награди своите акционери и покрај одличната добивка за претходната година.
Странски банки
Лагард: Економијата во Еврозоната во подобра состојба од очекуваното

„Економската активност на еврозоната е забавена во споредба со 2022 година, но оваа година ќе биде „значително подобра“ од предвиденото – и покрај инфлацијата и енергетската криза”, изјави во Давос претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. (more…)
Странски банки
Светска банка ја ревидираше прогнозата за раст на македонската економија

Светска банка ги ревидираше своите очекувања во однос на бруто домашниот производ (БДП) на Македонија. Новата прогноза на Светската банка е раст на економијата за 2,4 проценти во 2023 година. (more…)
Странски банки
Европската централна банка: Реалните плати во еврозоната драстично паѓаат

Реалните плати во еврозоната се значително пониски отколку во периодот пред пандемијата и, веројатно, ќе се намалат уште повеќе во наредните месеци поради брзиот раст на цените, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје