Connect with us

Странски банки

НЛБ Групација и АБА Лига ј.т.д. – Заедно пишуваме ново регионално поглавје во кошарката

Објавено

на

НЛБ Групацијата се приклучува на АБА лигата ј.т.д. во сезоната 2021/22, а соработката меѓу двата регионални играчи, едните лидери во спортот, другите во банкарскиот и финансискиот сектор, ќе продолжи најмалку до 2025 година. Со влегувањето како спонзор во најмоќното кошаркарско натпреварување во овој регион, НЛБ Групацијата стана и генерален спонзор на натпреварувањата од втора лига, под покровителство на АБА Лигата ј.т.д., коja отсега ќе се вика НЛБ АБА ЛИГА 2.

„Овој регион на можности е наш дом. Сега имаме нова, одлична можност регионот на ЈИЕ во кој работиме, уште повеќе да го обединиме но, овој пат преку спортот. Да станеме број еден и да ја покажеме нашата страст. Во АБА лигата ј.т.д. гледаме регионален партнер, а со спонзорирање на АБА лигата ј.т.д. имаме можност да ја потврдиме нашата посветеност за развој на овој регион. Луѓето кои живеат, работат, создаваат и сонуваат во овој регион се многу повеќе поврзани отколку што тоа на прв поглед изгледа. Бидејќи со сето срце веруваме во регионот и во потенцијалот на АБА лигата ј.т.д., застануваме покрај нив“ – велат од НЛБ Групација.

Блаж Бродњак, извршен директор на НЛБ Групацијата:

„Ние сме повеќе од само уште една финансиска Групација и како институција од системско значење не сме заинтересирани само за деловни теми. Сакаме на различни начини да создаваме, да го подобруваме и поврзуваме регионот на можности во кој работи Групацијата – воедно и преку спортот. Кошарката е тимски спорт кој ги испиша најпопуларните и најинспиративните приказни во регионот, раскажувајќи ни за победите и успесите, како со националниот тим, така и со кошаркарските клубови. Со спонзорирање на АБА лигата ј.т.д., НЛБ Групацијата уште еднаш докажа дека ја познава страста и желбите на регионот на можности и дека го зборува истиот јазик и култура. Нашата Групација го разбира и промовира она што луѓето во овој регион го негуваат. Ние сме еден тим, а тимската работа, здружувањето на различните заедници, култури и јазици формираат цврста целина која може да ја искористи секоја можност преку координирана акција. Тоа се вредностите на НЛБ Групацијата“.

Дубравко Кметовиќ, директор на АБА лига ј.т.д.:

„Во име на АБА лигата ј.т.д., среќен сум и почестен што можам да ѝ посакам добредојде на НЛБ Групацијата во нашиот заеднички дом на кошарката. НЛБ Групацијата беше со АБА лигата ј.т.д. на самиот почеток, кога заживеа целата оваа идеја за регионална кошаркарска лига и јас сум исклучително среќен што оваа реномирана банкарска и финансиска Групација е повторно покрај нас. Убеден сум дека заедно можеме да направиме навистина неверојатни работи на многу различни нивоа. Иако нашата главна цел останува да и помогнеме на регионалната кошарка уште повеќе да расте во наредните години, ние исто така сакаме да ја искористиме соработката во контекст на грижа за огромната кошаркарска заедница. Нашите заеднички цели се промовирање и ширење на сите културни аспекти поврзани со спортот. обезбедување финансиска едукација за играчите, обезбедување на сета потребна помош на младите играчи за нивен правилен развој и реализација на низа други општествено корисни проекти. Исто така, ќе продолжиме да го поддржуваме NLB Wheel шампионатот, бидејќи го гледаме како огромен дел од регионалната кошарка. Ние сме исклучително горди што работиме со НЛБ Групацијата и со нетрпение очекуваме да видиме што ќе ни донесе оваа нова ера“.

Останато

Бундесбанк: Германското стопанство зимава ќе влезе во рецесија

Објавено

на

Германското стопанство ќе западне во рецесија во зимската половина од годината, по неочекуваното зголемување на активноста во летниот квартал, предупреди Централната банка. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Избрани финалистите на НЛБ Групацијата во проектот #РамкаЗаПомош

Објавено

на

Ако можеме да судиме според ентузијазмот, идеите и иновативноста на компаниите кои годинава учествуваа во проектот #РамказаПомош на НЛБ Групацијата, нема од што да се плашиме кога станува збор за одржливата иднина. Во проектот учествуваа дури 300 компании од шест пазари, со кои главната банкарска групација во Југоисточна Европа бараше одржливи решенија за предизвиците на иднината. Жирито избра 10 финалисти од секој пазар, кои меѓу другото се натпреваруваат и за спонзорски финансиски средства со кои ќе можат да ги реализираат своите идеи. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарски банкарски гигант ќе и плати на Франција 238 милиони евра за да избегне тужба

Објавено

на

Швајцарскиот банкарски гигант “Credit Suisse” се согласи да плати 238 милиони евра на Франција за да избегне кривично гонење за измама, соопшти надлежниот суд во Париз. (more…)

Продолжи со читање

Популарно