Connect with us

Странски банки

НЛБ Групацијата со рекорден профит од 225,1 милиони евра

Објавено

на

НЛБ Групацијата оствари добивка во износ од 225,1 милиони евра за 2017 година односно повеќе од двојно повисока во споредба со 2016 година. Ова претставува рекорден профит во историјата на НЛБ Групацијата. За овие одлични резултати се заслужни сите банки – членки на НЛБ, вклучувајќи ја и македонската НЛБ Банка, која за претходната 2017 година оствари профит од 35 милиони евра.

“Надзорниот одбор е задоволен од резултатите кои се најдобри во историјата на НЛБ Групацијата. Сакаме да им честитаме на менаџментот и на сите вработени за нивните напори и посветеноста кон работата. Задоволни сме од напредокот во дигитализацијата, рационализацијата и модернизацијата на процесите и услугите, што потврдува дека целта НЛБ Група го прифати технолошкиот развој и дигитализација како нова можност за иден раст. И банката и целата група одиграа важна улога во генерирањето на иновативни, напредни и едноставни решенија за клиентите на нивните локални пазари. Подобро корисничко искуство и постојана достапност од една страна и силна советодавна улога од друга страна покажуваат дека фокусот е на клиентите, нивните потреби и задоволство. Во прилог на стабилен, одржлив и профитабилен бизнис, ова е добра основа за успешно работење на НЛБ Групацијата во иднина“ – изјави Примож Карпе, претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка во Љубљана.

Странски банки

Срспките банки воведоа “плаќање во секунда„

Објавено

на

Народната банка на Србија објави дека е воспоставен систем за инстант плаќање да работи континуирано – 24 часа на ден, 7 дена во неделата, 365 дена во годината. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска Банка за Македонија: слаба економија, здравство и образование

Објавено

на

Рангирани се 157 земји учеснички во однос на образованието, вештините и здравствените резултати меѓу нивните граѓани

Во текстот на „Emerging Europe“  се вели дека во Македонија се работи лошо.

-Вредноста на македонскиот индекс, особено вредноста на образовните индикатори е повик за итно дејствување. Се чини дека реформите досега не го трансформираа образовниот систем доволно за да помогнат најголемиот дел од студентите да постигнат барем основни компетенции, изјавил Марко Мантованели, менаџерот на Светската банка за Македонија.

Лидер на оваа листа е Словенија, додека пак на второто е Чешка со резулатат 0,78 , Србија има 0,76 , Естонија и Полска 0, 75 , 0,72 Хрватска и Латвија, Литванија е со 0,71 , додека пак Унгарија е со 0,70. Сите други земји се под 0,70.

Подобар резултат од Македонија имаат Косово, Грузија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Азербејџан и сите други земји во развој во Европа на оваа листа на Светската банка.

Инаку, самиот Мантованели спомена дека најголемиот проблем во Македонија во овој момент е образованието, ниту еден македонски универзитет не е меѓу првите 1.000 на Шангајската листа.

До наполнети 18 години, децата во Македонија имаат 4,4 години јаз во образованието. Од предучилишно, основно и средно образование, тие во просек поминуваат 11,2 години, но кога годините ќе се прилагодат според квалитетот на наученото тоа е еднакво на 6,8 години образование. Ова се податоците од најновото истражување на Светска банка за Индексот на човечкиот капитал (ИЧК) на Македонија, кој е понизок од просекот на регионот. Индексот покажува и дека учениците од Македонија достигаат резултат од 382 на усогласените тестирања на кои 300 претставува минимално, а 625 претставува напредно постигнување.

Продолжи со читање

Странски банки

Штедните влогови во косовските банки над три милијарди евра

Објавено

на

Вредноста на штедните влогови во десетте комерцијални банки во Косово, до октомври годинава достигна над 3 милијарди евра, додека вредноста на кредитите над 2,6 милијарди евра.

Од Централната банка на Косово за Радио Слободна Европа (РСЕ) велат дека од вкупните влогови, над 2,2 милијарди се пари заштедени од домаќинствата, додека претпријатијата имаат депонирано над 750 милиони евра. Вредноста на заштедите во други валути изнесува 154 милиони евра.

Домаќинствата во вкупната задолженост со кредити во комерцијалните банки во Косово учествуваат со околу една милијарда евра, додека претпријатијата имаат кредити во висина од 1,6 милијарди.

Експертот за финансиски прашања Миљазим Абази за РСЕ изјави дека вредноста на заштедите не е пропорционална на вредноста на кредитите.

– Штедните влогови растат многу побавно од кредитите. Граѓаните имаат барања за кредити повеќе одошто банките можат да кредитираат, поради бавниот раст на депозитите, односно заштедите. Додека заштедите бележат раст од 6% годишно, барањата за кредит се зголемуваат за околу 15%, вели Абази.

Според него, Косово во споредба со земјите од регионот има најниско ниво на депозити по глава на жител.

Абази вели дека банките треба да ги зголемат каматите на штедните влогови за да се поттикнат граѓаните повеќе да депонираат, со што ќе им се зголеми и кредитниот потенцијал.

Според податоците на Централната банка на Косово, каматата за штедните влогови е само 1,5%, додека каматите за кредит се движат меѓу 6% и 7,7%, зависно од видот на кредитот и од комерцијалната банка.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange