Connect with us

Странски банки

НЛБ Групацијата презема уште една банка во регионот!?

Објавено

на

Претседателот на НЛБ Групацијата, Блаж Бродњак, за „Танјуг” изјави дека банката има можности и потенцијал да преземе уште некоја банка во регионот.

Тој, сепак, вели дека засега е премногу рано да се зборува за овој чекор и дека за НЛБ во моментов најважно е успешно да ја заврши интеграцијата со Комерцијална банка во Србија.

Бродњак на тој начин одговори на прашањето дали НЛБ планира да преземе друга банка во регионот, но тој додаде дека НЛБ Групацијата размислува да влезе на банкарскиот пазар во Албанија.

„Засега работиме на интеграција на две банки (Комерцијална и НЛБ Белград) во Србија и сметаме дека ќе заврши до крајот на април следната година. Во меѓувреме, ние веќе размислуваме потенцијално за влез во Албанија, бидејќи на тој начин ќе станеме единствената банка што е присутна на сите шест пазари на Западен Балкан и на заедничкиот пат кон Европа“, изјави Бродњак.

На тој начин, групата НЛБ може да биде единствената што ги покрива и поддржува трговските и финансиските текови во целиот регион, нагласи Бродњак.

Тој рече дека НЛБ останува на прогнозата дека Комерцијална банка, интегрирана во НЛБ банка во Србија, ќе оствари профит од 100 милиони евра веќе во 2024 година.

„Јас сум многу задоволен и горд на начинот на кој Србија се избори со кризата. Во Србија, падот на БДП беше само еден процент, што е еден од најдобрите резултати во Европа. Значи, кризата не влијаеше толку на резултатите на Комерцијална банка. Не најдовме ништо што претходно не сме го предвиделе. Ние сме многу задоволни од таа трансакција и цврсто стоиме зад неа“, додаде Бродњак.

Тој е убеден дека тоа ќе биде одлична инвестиција на долг рок и дека Комерцијална банка ќе стане водечка банка не само во Србија, туку и една од водечките банки во регионот.

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централните банки во светот забрзано се префрлаат од доларот кон златото

Објавено

на

Централните банки во целиот свет забрзано ги зголемуваат резервите на злато кои ги имаат и кои минатата година достигнаа максимум во последните 31 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

2021 година ќе биде рекордна во однос на профитите за американсите банки!?

Објавено

на

Најголемите банки на „WallStreet” наскоро треба да пријават рекордни профити во 2021 година, благодарение на високите приноси во секторот на инвестициското банкарство и помалите од очекуваните загуби од кредитите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно