Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

НЛБ Групацијата оствари нето добивката од 162,2 милиони евра за девет месеци од 2019 година

Објавено

на

НЛБ Групацијата во првите девет месеци од оваа година објави нето профит од 162,2 милиони евра, што е за 2% повеќе во однос на истиот период лани, објави најголемата словенечка банка.

Сите банки членки на НЛБ Групацијата остварија профит заклучно со третиот квартал од 2019 година, вклучувајќи ја и македонската НЛБ Банка која учествуваше во вкупниот профит на матичната банка со речиси 24 милиони евра добивка.

Добивката на Групацијата пред намалување на вредноста и резервираните средства достигна 170,3 милиони евра, што е за 7% повеќе во однос на истиот период од минатата година. Во првите девет месеци НЛБ Групацијата издаде резерви од 9,7 милиони евра, споредено со 19 милиони евра во истиот период минатата година.

Нето приходот достигна 384,7 милиони евра, што е за 4% повеќе во однос на истиот период лани. И покрај екстремно ниските каматни стапки на словенечкиот пазар, растот се засноваше на повисоките нето приходи од камати, кои пораснаа за 3% на годишно ниво и повисоки нето приходи од провизии и надоместоци. Тие се зголемени за 6% во однос на истиот период минатата година.

На ниво на НЛБ Групацијата, нето кредитите на клиентите се зголемија за 5% во однос на крајот на 2018 година, а се зголемија и депозитите на клиентите. Вкупната добивка на билансот на состојба се зголеми за 6% на 13,49 милијарди евра за девет месеци.

Странски банки

Банката за тинејџери Pixpay амбициозно влегува во Европа

Објавено

на

Францускиот стартап Pixpay има амбициозен план за освојување на тинејџерите од Европа и од 2021 година планира да таргетира околу 2 милиони корисници. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Германија дозволи продажба и чување на криптовалути во банките!

Објавено

на

Во Германија, на 1 јануари стапува во сила нов закон кој ќе им овозможи на банките во таа земја да продаваат и чуваат криптовалути како што е биткоин, што се смета за значајна одлука во областа на регулативата за криптовалути, која веројатно ќе има далекуопсежно меѓународно влијание. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Пуштени во оптек првите евро банкноти со потписот на Кристин Лагард

Објавено

на

Новата претседателка на Европската централна банка, Кристин Лагард, го додаде својот потпис на евро банкнотите, кои ги опишува како „најопипливиот симбол на европската интеграција“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange