Connect with us

Странски банки

НЛБ Групацијата оствари добивка од 193,6 милиони евра во 2019 година

Објавено

на

Словенечката групација НЛБ оствари нето добивка од 193,6 милиони евра во 2019 година, што е за 5% помалку отколку во 2018 година, според неревидираните финансиски извештаи.

Нето приходот од работењето на оваа банка со фокус на пазарот на ЈИЕ се зголеми за четири проценти, добивката пред одданочување и резервациите се зголемија исто така за четири проценти, додека нефункционалните изложености се намалија од 4,7% на 2,7%.

Петта година по ред, сите подружници на пазарите на ЈИЕ остварија профит, придонесувајќи со 38 проценти во резултатот на Групацијата, еден процент повеќе од 37те проценти во 2018 година, соопштуваат од НЛБ.

Вкупните нето приходи од работењето беа 513,6 милиони евра, што претставува зголемување за 4% во однос на истиот период минатата година кога изнесуваше 493,3 милиони евра. Зголемените нето приходи се должат пред се на повисоките нето приходи од камати (зголемување од 5,6 милиони евра или 2 проценти), на зголемувањето на обемот на кредити и пониските трошоци за камати, како и повисоки нето приходи од такси и комисии (за 9,7 милиони евра или 6 проценти).

Добивката пред одданочување и резервациите изнесува 212,2 милиони евра, што е за 4% повеќе во однос на истиот период лани.

Вкупниот имот на Групацијата НЛБ се зголеми за 1.434,1 милиони евра на годишна основа и изнесуваше 14.174.1 милиони евра, главно како резултат на континуираниот прилив на депозити, главно од физички лица (пораст од 717,3 милиони евра или 9%).

Вкупниот капитален однос на НЛБ Групацијата на крајот на 2019 година беше 16,3%, што е над регулаторните барања.

Како што е познато, Нова Љубљанска банка (НЛБ) во ноември минатата година го комплетираше издавањето на 120 милиони евра субординирани обврзници на Ниво 2 и успешно се врати на меѓународниот кредитен пазар, потврдувајќи ја висока доверба на инвеститорите.

„Крајот на 2019 година и декадата отворија нови хоризонти за НЛБ Групацијата. Успешно завршен процес на приватизација на НЛБ д.д. и исполнувањето на нашите последни многу рестриктивни обврски кон Европската комисија ни овозможи да работиме и да се натпреваруваме на пазарот со нашиот целосен потенцијал. Веќе започнавме да бараме нови деловни можности со полна брзина и успешно имплементиравме неколку случаи на прекугранично финансирање. Очекуваме дека наскоро ќе додадеме лизинг и факторинг во нашата палета на производи и услуги“, рече Блаж Бордњак, претседател на Управниот одбор на Нова Љубљанска банка (НЛБ).

Странски банки

Најголемиот кредитор во Германија укинува 3.500 работни места!?

Објавено

на

Дојче банк (Deutsche bank) планира да скрати 3.500 работни места продолжувајќи го планот за намалување на трошоците за 2,5 милијарди евра до 2025 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Фатих Карахан е назначен за нов гувернер на Централната банка на Република Турција

Објавено

на

Досегашниот заменик-гувернер на Централната банка на Република Турција (ЦБРТ), Фатих Карахан е назначен за нов гувернер на Централната банка на местото на Хафез Гаје Еркан, која поднесе оставка од функцијата. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Европската инвестициска банка инвестира 49 милијарди евра во еколошки проекти

Објавено

на

Групацијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) минатата година инвестираше повеќе пари во проекти за климата и животната средина од кога било досега, изјави денеска во Брисел претседателката на ЕИБ, Надија Калвињо. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

https://austinpublishinggroup.com/a/judi-bola-euro-2024/ https://austinpublishinggroup.com/a/parlay/ https://austinpublishinggroup.com/a/judi-bola/ https://austinpublishinggroup.com/a/sbobet/ https://compendiumapp.com/comp/dominoqq/ https://bankarstvo.mk/wp-includes/bandarqq/ https://bankarstvo.mk/wp-includes/dominoqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/pkv-games/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/bandarqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/dominoqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/pkv-games/ https://austinpublishinggroup.com/group/bandarqq/ https://compendiumapp.com/comp/pkv-games/ https://compendiumapp.com/comp/bandarqq/ https://bankarstvo.mk/PCB/pkv-games/ http://compendium.pairserver.com/ http://compendium.pairserver.com/bandarqq/ http://compendium.pairserver.com/dominoqq/ http://compendium.pairserver.com/slot-depo-5k/ https://compendiumapp.com/app/slot-depo-5k/ https://compendiumapp.com/app/slot-depo-10k/ https://bankarstvo.mk/PCB/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/dominoqq/ https://austinpublishinggroup.com/group/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/slot77/ https://compendiumapp.com/ckeditor/judi-bola-euro-2024/ https://compendiumapp.com/ckeditor/sbobet/ https://compendiumapp.com/ckeditor/parlay/ https://sabriaromas.com.ar/wp-includes/js/pkv-games/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/pkv-games.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/bandarqq.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/dominoqq.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-thailand.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-depo-10k.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-kakek-zeus.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/rtp-slot.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/parlay.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/sbobet.html/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/pkv-games/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/bandarqq/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/dominoqq/ https://www.knowafest.com/files/uploads/pkv-games.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/bandarqq.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/dominoqq.html https://www.knowafest.com/files/uploads/slot-depo-5k.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/slot-depo-10k.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/slot77.html/