Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка ќе исплатува 622 МКД бруто дивиденда по акција?

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје во јавниот повик за годишно собрание ја објави Предлог – Одлука за распределба на дивиденда и утврдување на дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје за 2017 година.

Врз основа на член 39, став 1 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, Собранието на НЛБ Банка АД Скопје на седницата која ќе се одржи на ден 11.05.2018 година, ја предлага следната Одлука за распределба на дивиденда и утврдување на дивиденден календар:

  1. Согласно Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2017 година, на акционерите им се исплатува дивиденда за 2017 година во бруто износ од 531.225.942,00 МКД.
  2. Износот на бруто дивидендата по акција изнесува 622,00 МКД.
  3. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2017 година е 22.5.2018 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2017 година е 23.5.2018 година. Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда за 2017 година е 28.5.2018 година, потврдено со Изводот на акционерската книга на ЦДХВ.
  4. Исплатата на дивиденда ќе отпочне 30-от ден од одржувањето на Собранието на НЛБ Банка АД Скопје.
  5. Акционерите кои имаат право на дивиденда, ќе бидат известени за оваа Одлука со соопштение во еден од дневните весници што излегуваат на територијата на Република Македонија.
  6. Одлуката стапува во сила на денот на донесување.

Согласно член 487 од Законот за трговски друштва по одобрувањето на годишната сметка и на финансиските извештаи и утврдувањето на постоењето добивка за распределба Собранието на акционери го определува делот којшто им се доделува на акционерите во форма на дивиденда, според родот и класата на акциите. НЛБ Банка АД Скопје има вкупно издадено 854.061 обични акции и секој акционер има право на дивиденда соодветно на бројот на акции кои ги поседува.

Дополнително, согласно член 490 од Законот за трговски друштва со оваа одлука се утврдени:

– износот на дивиденда (622,00 МКД бруто дивиденда по акција);

– датумот на евиденција според којшто се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда (28.5.2018 – согласно Правилата за котација треба да биде најмалку 14 дена од денот на одржување на Собранието на акционери на кое се носи одлуката за делење на дивиденда);

– планот за исплата на дивидендата и денот на којшто дивидендата започнува да се исплаќа (30-от ден од одржувањето на Собранието на НЛБ Банка АД Скопје) и

– начинот на кој друштвото ги известува лицата кои имаат право на дивиденда според донесената одлука (соопштение во еден од дневните весници што излегуваат на територијата на Република Македонија).

Согласно член 36 од Правилата за котација на Македонска берза во одлуката дополнително се утврдени и последниот датум на тргување со право на дивиденда (22.5.2018 – утврден согласно новата Одлука за измена и дополнување на Правилата за тргување каде периодот на редовно порамнување на склучените трансакции на Берзата ќе биде 2 (два) работни дена од денот на склучување на истите, односно ќе изнесува Т+2) и првиот датум на тргување без право на дивиденда (23.5.2018).

Домашни банки

НЛБ Потрошувачки кредити – Баш како што сакаш!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови потрошувачки кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД-Скопје врши промена за водење сметки на пензионери

Објавено

на

Стопанска банка АД-Скопје ги известува своите клиенти дека, почнувајќи од 01.04.2019 ќе изврши промена на надоместокот за месечно водење на трансакциски и штедни сметки на пензионери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Станбени кредити – Твој дом, твој избор!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови станбени кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange