Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка ќе исплати дивиденда во висина од 24,8 милиони евра

Објавено

на

На Собранието на акционери на НЛБ Банка одржано на 19.11.2021 година беа усвоени: одлуката за употреба на акумулирана добивка на Банката од 2019 и 2020 година, како и одлуката за распределба на дивиденда и утврдување на дивиденден календар.

НЛБ Банка, од остварените добивки за 2019 и 2020 година кои се во вкупен износ од 57,8 милиони евра, со одлука на акционерите во 2020 и 2021 година, задржа нераспределен профит во вкупна вредност од 43,8 милиони евра.

На ова Собрание акционерите одлучија, за докапитализација на Банката, задржување на 19 милиони евра од нераспределената добивка од 2019 и 2020 година, со цел исполнување на дополнителното капитално барање и поддршка на амбициозните планови на Банката за раст и развој во клучните сегменти од работењето. Останатиот дел во износ од 24,8 милиони евра, согласно изгласаната одлука на Собранието на акционери, ќе се распредели за исплата за дивиденда. Бруто износот на дивиденда по акција изнесува 29,06 евра, односно 1.787 денари.

Исплатата на дивиденда ќе започне 30-от ден од одржувањето на Собранието на акционери. Последен датум на тргување со право на дивиденда е 1.12.2021 година, додека прв датум на тргување без право на дивиденда е 2.12.2021 година.

Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда е 3.12.2021 година, потврдено со Изводот на акционерската книга на Централен депозитар на хартии од вредност.

НЛБ Банка и оваа година остварува одлични резултати и заклучно со 30.09.2021 година нето-добивката изнесува 27,5 милиони евра и годишен пораст од 33,5%.

Домашни банки

Министерството за економија го прогласи ХалкЕко проектот на Халкбанк за најдобар општествено одговорен проект во категоријата „однос со животната средина“

Објавено

на

Проектот ХалкЕко на Халкбанк АД Скопје со кој се поттикнуваат здрави животни навики и грижа за природата, но и се зголемува шумскиот фонд и се реализираат други активности во насока на заштита на животната средина, од страна на Министерството за економија е прогласен за најдобар општествено одговорен проект во категоријата „однос со животната средина“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка доби национална награда за општествена одговорност и признание за најинвентивна практика за проектот „НЛБ Рамка за помош“

Објавено

на

За проектот „НЛБ Рамка за помош“, НЛБ Банка Скопје ја доби националната награда за најдобра општествено одговорна практика во категоријата „Вложување во заедницата“ кај големи претпријатија за 2021 година и признание за најинвентивна практика. „НЛБ Рамка за помош“ е програма иницирана и поддржана од НЛБ Групацијата која се спроведе на сите пазари во регионот на кои е присутна Групацијата и претставува уникатен проект за поддршка на микро и малите претпријатија во Ковид кризата. Проектот започна во првата пандемска година, 2020, а истиот продолжи и во 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип

Објавено

на

Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно