Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка ќе исплати дивиденда во висина од 10,2 милиони евра

Објавено

на

На Собранието на акционери на НЛБ Банка одржано на 12.05.2022 година беше усвоена Одлуката за распределба на дивиденда за 2021 година и утврдување на дивиденден календар.Согласно Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка и финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2021 година, на акционерите ќе им биде исплатена дивиденда за 2021 година во бруто износ од 630.297.018 денари или околу 10,2 милиони евра.

Износот на бруто дивиденда по акција изнесува 738 денари.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2021 година е 23.05.2022 година, додека прв ден на тргување со право на дивиденда е 25.05.2022 година.

Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда за 2021 година е 26.05.2022 година, потврдено со Изводот на акционерската книга на Централен депозитар на хартии од вредност.

НЛБ Банка и оваа година остварува одлични резултати и заклучно со 31.03.2022 година нето-добивката изнесува 10,6 милиони евра и годишен пораст од 30,9% во споредба со истиот период од претходната година.

Домашни банки

Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип

Објавено

на

Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка со нов Унит Линк производ

Објавено

на

Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка, го збогати своето портфолио на продукти и понуди нов, атрактивен Унит Линк производ, кој покрај балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови, нуди и животно осигурување со штедење. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Почна пријавувањето за настанот на тркала „Вози право, вози здраво“

Објавено

на

Најмасовниот и најзабавниот настан „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД-Скопје повторно се враќа на скопските улиците. На 5 јуни (недела) градот по шести пат ќе биде преплавен со велосипеди, тротинети, ролери, скејтборди и бебешки колички кои ќе возат по улиците ослободени од автомобили, а луѓе од сите возрасти ќе се забавуваат и ќе дадат свој придонес за почиста животна средина. (more…)

Продолжи со читање


Популарно