Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка ќе дели дивиденда во бруто износ од 1.787 денари по акција

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги објави Одлуките од собранието на Банката, кое се одржа на ден 19.11.2021 година.

Согласно Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 и 2020 година, на акционерите ќе им се исплати дивиденда во бруто-износ од 1.526.207.007,00 денари, односно 503.895.990,00 денари од акумулираната добивка за 2019 година и 1.022.311.017,00 денари од акумулираната добивка за 2020 година.

Износот на бруто-дивидендата по акција ќе изнесува 1.787,00 денари.

Последен датум на тргување со право на дивиденда е 01.12.2021 година. Прв датум на тргување без право на дивиденда е 02.12.2021 година.

Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда е 03.12.2021 година, потврдено со Изводот на акционерската книга на ЦДХВ.

Исплатата на дивиденда ќе отпочне 30. ден од одржувањето на Собранието на НЛБ Банка АД Скопје.

Акционерите што имаат право на дивиденда ќе бидат известени за оваа Одлука со соопштение во еден од дневните весници што излегуваат на територијата на Република Северна Македонија.

Домашни банки

ЕБРД и Шпаркасе Банка АД Скопје со поддршка на мали бизниси во Северна Македонија во вредност од 23 милиони евра

Објавено

на

Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) со поддршка на зелената економија во Северна Македонија со обезбедување заем од 23 милиони евра за Шпаркасе банка АД Скопје (ШБС) за кредитирање на локални микро, мали и средни претпријатија (ММСП).  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје: Во тек е исплатата на септемвриските пензии

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани пензионери дека во тек е исплатата на септемвриските пензии. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ја именуваше Гордана Ѓорѓиева за член на Одборот за ревизија

Објавено

на

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, Комерцијална банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза известува за следната ценовно чувствителна информација. (more…)

Продолжи со читање

Популарно