Домашни банки
Нови кредитни линии на НЛБ Банка АД Скопје


НЛБ Банка АД Скопје информира дека воведe две нови кредитни линии за клиенти-правни лица за реализација на долгорочни инвестициони проекти. Понудата е креирана како резултат на следење на трендовите и случувањата на пазарите во земјата и странство и прилагодување кон потребите на нашите клиенти со цел константна поддршка на нивниот раст и развој.
Една од кредитните линии е наменета за клиенти инвеститори во фотонапонски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Покрај долгорочниот кредит кој е дел од оваа кредитна линија, а со цел сеопфатно задоволување на потребите на клиентите, креиран е посебен пакет продукти кој се состои од: денарски гаранции потребни за секој од инвеститорите, „оverdraft“ и бизнис картички како резервна опција за повремен дотур на обртен капитал. Понудата претставува директна поддршка на компаниите кои сакаат да аплицираат на јавниот повик на Министерство за економија за доделување на право за користење премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали.
Другата кредитна линија се однесува на дополнување и проширување на кредитната понуда на Банката за долгорочни кредити наменети за проширување и модернизација на постојното производство како и поддршка на нови развојни проекти на компаниите од сите дејности. Така оваа кредитна линија на компаниите им овозможува користење на кредити со долг рок на отплата – до 10 години и со фиксна каматна стапка за целиот период. Кредитната линија нуди и обезбедува фиксни трошоци и стабилно планирање на идните парични текови и претставува еден вид на осигурување на идните финансиски трошоци.
„Креиравме две нови кредитни линии во насока на поддршка на правните лица кои планираат да инвестираат во својата дејност на работење, како и инвестиции за производство на енергија од обновливи извори. Кредитната линија која е наменета за изградба на фотоволтаични централи има за цел да ги поттикне компаниите да аплицираат на јавниот повик и да ги искористат понудените поволности од државата, со користење на повластените услови коишто ги нуди нашата Банка. Предностите од користењето на обновливата енергија се многубројни, но пред сè, се однесуваат на заштитата на животната средина, како и долгорочно намалување на трошоци за производство на електрична енергија.
Нашите нови кредитни линии имаат за цел да ги стимулираат инвестициите воопшто, да ја зголемат инвестициската моќ на правните лица преку давање на директна финансиска поддршка за реализација на своите инвестициски проекти.“, изјавија од Банката.
Повеќе информации за новите кредитни линии може да се добијат на следните два линка: https://bit.ly/2N1TtFb и https://bit.ly/2KJhcHz.
Домашни банки
Известување за нова локација на банкомат на Централна кооперативна Банка АД Скопје


Централна кооперативна банка ги известува своите клиенти дека постави нов банкомат на следната локација: (more…)
Домашни банки
ТТК Банка со промотивна поволност за своите клиенти – без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување


РИЗИКО кредитното животно осигурување или осигурување живот на корисници на кредит е достапно во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје, во соработка со осигурителното друштво „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка постави нов банкомат за поголема достапност за клиентите


Со цел да биде поблиску до своите клиенти и до нивните потреби, Шпаркасе Банка Македонија постави уште еден нов банкомат, на нова локација! (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!