Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за кредитите за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за сите кредити за физички лица во период до 30.6.2021 година. Во промотивниот период сите кредити за физички лица ќе се нудат без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без трошоци за проценка на имот.

Во рамките на промотивната понуда, клиентите ќе можат да аплицираат за некој од НЛБ Потрошувачките кредити кои се со фиксни каматни стапки за првите 36 месеци и дополнително, да добијат НЛБ Mastercard haPPy кредитна картичка. НЛБ Mastercard haPPy кредитната картичка е единствена картичка која овозможува поврат на средства за секоја безготовинска трансакција до 10%.

Во однос на НЛБ Станбените кредити, клиентите имаат можност да аплицираат за кредити со подолг рок на отплата до 35 години и фиксна каматна стапка до 10 години. Како дополнителна поволност за станбените кредити е можноста за користење на бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун Македонија.

За кредитните продукти на НЛБ Банка и за промотивната понуда можете да добиете повеќе информации на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на контакт центарот на телефон: 02/15 600.

 

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

Објавено

на

На денешен ден, ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ што го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија на доброволна основа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите”

Објавено

на

На денешен ден, Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на концертот на Камерниот оркестар „Скопски солисти“

Објавено

на

Во правец на својата посветеност за поддршка на вистинските вредности, Комерцијална банка преку уште едно спонзорство застана на страната на вистинската уметност.

(more…)

Продолжи со читање


Популарно