Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка ја заврши исклучително предизвикувачката 2020 година со добивка од 27,7 милиони евра

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2020-та година, притоа од март 2020 прилагодувајќи го тековното работење на ново настанатата ситуација со пандемијата КОВИД-19, се со цел да се зачува високата ликвидност и солвентност, паралелно со непрекинато давање на услуги и финансиска поддршка на клиентите. 

И покрај променетите деловни услови, Банката во 2020 година продолжи со активности за зголемување на понудата за клиентите со нови продукти и платни сервиси. Од август на клиентите во понуда е МКлик мобилен кредит, целосно дигитализиран кредит преку мобилната апликација на Банката, како и потрошувачки кредити за енергетска ефикасност за физички лица и кредити за регионална конкурентност за мали и средни претпријатија од кредитната линија на ЕБРД. Во месец август Банката ја прошири деловната мрежа со нова Експозитура Тафталиџе во Скопје, додека пак на сите свои клиенти им овозможи електронско ажурирање на личните податоци. Навремената и брза реакција и донесе на Банката значајни постигнувања како: вредност на вкупна актива над 96,5 милијарди денари (1,5 милијарди евра), вкупно бруто кредити над 57 милијарди денари (940 милиони евра) и вкупен број на клиенти над 800 илјади. Банката активно учествуваше во реализација на владините мерки за поддршка и помош на населението, а даде свој значаен придонес кон општеството преку реализација на низа општествено корисни мерки за олеснување на финансиското оптоварување во време на криза, реализирање на успешни проекти и донации на оние кои им беше најпотребно.

Инвестициите во дигитализацијата и новите технологии, подобрениот квалитет на средствата, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати во 2019 година, во текот на 2020-та беа наградени од: – Финансискиот магазин ЕМЕА на Europe Banking Awards 2019 каде НЛБ Банка АД Скопје, четврта година по ред, e избрана за Најдобра банка во C. Македонија; – Финансискиот магазин Finance Central Europe кој ја прогласи НЛБ Банка АД Скопје за Најдобра банка во Северна Македонија по ROE (поврат на капитал) 2020.

Биланс на состојба

Заклучно со 31.12.2020 година билансната сума изнесува 96.545.213 илјади МКД, односно се зголеми за 8.368.266 илјади МКД или 9,5% во однос на 31.12.2019 година.

Паричните средства и паричните еквиваленти изнесуваат 17.583.530 илјади МКД и бележат намалување од 4,2% во однос на 31.12.2019 заради намалено вложување во благајнички записи. Намалувањето на вложувањата во благајнички записи е резултат на одлуката на НБРСМ од мај 2020 година за намалување на вкупниот лимит за запишување на благајнички записи кај НБРСМ. Банката ги користи овие инструменти за управување со вишокот на ликвидност и поддршка на профитабилноста.

Кредитите и побарувањата од банки бележат зголемување од 77.622 илјади МКД во однос на 31.12.2019 или 18,3%.

Вкупните Кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 57.977.711 илјади МКД и бележат зголемување од 6,0% во однос на 31.12.2019. И покрај новонастанатата ситуација со КОВИД-19 со земјата, кредитирањето кај домаќинствата и правните лица се зголеми, со поголема динамика на раст кај домаќинствата и тоа во сегментот кредити за домување и потрошувачки кредити. Во извештајниот период

Банката изврши и редовен билансен отпис на кредити со 100% исправка согласно домашната регулатива.

Вложувања во хартии од вредност изнесуваат 16.367.473 илјади МКД и се зголемени за 50,0% во однос на 31.12.2019 како резултат на зголеменото вложување во еврообврзници и државни записи. Вложувањата во хартии од вредност со рок на доспевање над три месеци Банката ги користи за управување со вишокот на ликвидност и поддршка на профитабилноста.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања во однос на претходната година се намалени за 28,0%. Намалувањето се должи на редовни годишни исправки на вредноста на нефинансиските средства согласно регулативата на НБРСМ.

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) изнесуваат 79.434.666 илјади МКД и во однос на 31.12.2019 година се зголемени за 7.098.599 илјади МКД или за 9,8%. Зголемувањето на депозитите се должи на нови клиенти од сегментот домаќинства кои се приматели на пензии, плата и други видови примања, нови клиенти кои ги користат физичките и електронските платни сервиси на Банката и нови клиенти од сегментот нефинансиски правни лица, како и на зголемувањето на приливот на средства на сметките на постојните клиенти во домашна и странска валута.

Обврски по кредити се намалени за 221.926 илјади МКД или за 34,4%, што се должи на редовни отплати по наменските кредитни линии кои Банката ги користи за потребите на клиентите.

Субординираните обврски се зголемени за 0,4% во однос на 31.12.2019 година.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката се зголемени 15,2% и изнесуваат 13.412.845 илјади МКД. Во извештајниот период Банката ги зголеми резервите со распределба на 177.648 илјади МКД од добивката од 2019 година во сопствените средства на Банката со што дополнително ја зајакна капиталната позиција над законските и регулаторните барања.

Биланс на успех

Нето каматните приходи, заклучно со 31.12.2020 година се пониски за 1,6% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 4,4%, главно поради пониски каматни приходи од секторот нефинансиски правни лица и вложувања во хартии од вредност, додека расходите по камати се пониски за 19,9% главно поради пониски каматни стапки, преструктурирање на изворите во корист на средства по видување и намалување на расходи за субординирани обврски.

Нето приходите од провизии се повисоки за 1,7% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 0,8% како резултат од зголемени приходи од ПОС терминали и повисоки приходи од брокерско работење поради зголемен обем на тргување со хартии од вредност.  Расходите за провизии се намалени за 0,8%, главно поради одлуката на НБРСМ за времено укинување на надоместоците за вршење на кеш услуги.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 469.615 илјади МКД и се повисоки за 32,7% во однос на истиот период претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население, остварена капитална добивка од продажба на превземени средства како и зголемени приходи од курсни разлики.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 4.505.693 илјади МКД и се повисоки за 1,9% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.927.863 илјади МКД и се намалени за 0,7% при што трошоците за вработени се пониски за 0,6%, трошоците за амортизација се повисоки за 17,1%, останатите расходи од дејност се пониски за 3,9% во однос на истиот период претходната година.

Заклучно со 31.12.2020, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 673.070 илјади МКД или 57,5% повеќе во однос на истиот период претходната година соодветно на структурата, квалитетот и порастот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 47.426 илјади МКД.

Бруто добивката на Банката заклучно со 31.12.2020 година изнесува 1.857.334 илјади МКД и е намалена за 9,3% во однос на истиот период претходна година.   Нето добивката на Банката заклучно со 31.12.2020 година изнесува 1.704.271 илјади МКД и е намалена за 7,9% во однос на истиот период претходна година.

Домашни банки

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир

Објавено

на

На вчерашниот прв состанок на Надзорниот одбор на НЛБ д.д Љубљана годинава, членовите се фокусираа на имплементација на стратегијата на НЛБ Групацијата и статусот на вклучување на факторите за управување со еколошките и социјални аспекти во деловниот модел на НЛБ Групацијата. На седницата, Надзорниот одбор назначи и тројца нови членови на Управниот одбор, со што истиот се прошири на вкупно шест члена. За нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д именувани се: Хедвика Усеник, Антонио Аргир и Андреј Ласиќ. Сите доаѓаат од НЛБ д.д или НЛБ Групацијата, имаат долгогодишно искуство и се веќе докажани во својата работа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје изврши измена и дополнување во тарифите за надоместоци за физички лица

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти дека воведува нови и врши измена на некои од постојните надоместоци во тарифата за физички лица, при што ги утврдува следните надоместоци: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка: Известување за работно време на филијали и експозитури на 19.1.2022 година (среда)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека по повод претстојниот празник – Богојавление (Водици), на 19.1.2022 година (среда) ќе работат следните филијали и експозитури на Банката: (more…)

Продолжи со читање

Популарно