Connect with us

Домашни банки

НЛБ БАНКА ЦЕЛИ КОН БАНКАРСКИОТ ТРОН – остварувајќи добивка од неверојатни 22,7 милиони евра за шест месеци од 2022 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2022 до 30.06.2022 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2022-та година.

Во анализираниот период, Банката оствари нето добивка во износ од 1.395.014 илјади денари, што претставува зголемување за 23,5% во однос на остварената нето – добивка истиот период претходната година.

Зголемувањето се должи на континуирани продажни активности на кредитните продукти со особен фокус кај домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија и зголемен број на корисници на платните сервиси на Банката. Во извештајниот период Банката склучи нов договор со ЕБОР за кредитна линија од програмата за финансирање “Зелена енергија” која е наменета за инвестиции на домаќинствата во енергетската ефикасност.

Во првиот квартал од 2022 година, првиот банкарски електронски асистент НЕЛА на НЛБ Банка беше наградена со второ место во категоријата „Најдобра автоматизирана алатка чет бот“ од – Порталот „Сајт на годината 2021“ Скопје.

Во вториот квартал од 2022 година НЛБ Банка доби национална награда во организација на Министерството за економија на Република Северна Македонија за општествена – одговорност и признание за најинвентивна практика за проектот „НЛБ Рамка за помош“.

Како потврда за досегашното ефикасно работење на НЛБ Банка АД Скопје се и трите признанија кои ги доби Банката од Visa центарот, како Банка која покажува извонредни резултати, не само во Р.С.Македонија, туку и во цела југоисточна Европа. Овие признанија зборуваат за големината на партнерствата кои ги гради Банката, посветеноста на бизнисот и клиентите и поддршката која ја дава на заедницата во која делува.

Банката е системски значајна банка врз основа на Одлуката за методологија за идентификување системски значајни банки на Народната банка на Р.С.Македонија со јака пазарна позиција и висок пазарен удел во банкарскиот сектор на Република С.Македонија.

НЛБ АД Скопје се карактеризира со висока адекватност на капиталот, повеќе од двојно повисока од регулаторно пропишаната и значаен нагорен тренд кај профитабилната страна на Банката.

Биланс на состојба

Заклучно со 30.06.2022 година билансната сума изнесува 106.429.308 илјади денари, односно се намали за 1.280.171 илјади денари или 1,2% во однос на 31.12.2021 година.

Паричните средства и паричните еквиваленти изнесуваат 19.109.517 илјади денари и бележат намалување од 3,0% во однос на 31.12.2021 година.

Кредитите и побарувањата од банки бележат намалување од 139 илјади денари во однос на 31.12.2021.

Вкупните Кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 67.802.027 илјади денари и бележат зголемување од 3,4% во однос на 31.12.2021. Кредитирањето и во двата сектора, домаќинства и нефинансиски правни лица, продолжи да се зголемува и во текот на 2022 година, при што зголемувањето во поголем дел се должи на потрошувачките и станбените кредити кај домаќинствата.

Вложувања во хартии од вредност изнесуваат 15.424.700 илјади денари и се намалени за 15,9% во однос на 31.12.2021 поради доспевање на домашни и странски државни записи и обврзници.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања во однос на 31.12.2021 година се зголемени за 41,3%.

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) изнесуваат 85.910.128 илјади денари и во однос на 31.12.2021 година се намалени за 679.040 илјади денари или за 0,8%. Надолната промена се должи на намалување на орочените депозити во корпоративниот сектор и домаќинства, со поизразен пад кај домаќинствата. Во анализираниот период, тековните сметки и депозитите по видување бележат поизразен раст кај домаќинствата, а во услови на пад на денарските средства кај корпоративниот сектор.

Обврски по кредити се зголемени за 275.714 илјади денари заради повисокиот износ на долгорочни кредити од кредитна линија од домашна банка (РБСМ).

Акционерскиот капитал и резервите на Банката се зголемени 2,5% и изнесуваат 14.417.710 илјади денари. Зголемувањето произлегува од распределба на реализираниот годишен финансиски резултат за 2021 година во резервите на Банката.

Биланс на успех

Нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2022 година се повисоки за 4,3% споредено со претходната година, при што приходите од камати се повисоки за 2,4%, главно поради повисоки каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица и домаќинства додека расходите за камати се пониски за 13,3% главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување.

Нето приходите од провизии се повисоки за 3,6% споредено со претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 13,1% како резултат на зголемени приходи од реализирани трансакии на ПОС терминали и картично порамнување, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и странство и повисоки приходи од водење трансакциски сметки. Расходите за провизии се зголемени за 27,3%, главно поради повисоки расходи од картично работење кон меѓународните картични системи а во помала мера поради зголемување на расходите од услуги во платен промет со странство.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 397.085 илјади денари и се намалени во однос на претходната година, главно поради пониски наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и домаќинства.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 2.522.841 илјади денари и се пониски за 7,1% во однос на претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.106.423 илјади денари и се зголемени за 8,2% при што трошоците за вработени се повисоки за 5,7%, трошоците за амортизација се повисоки за 18,1%, останатите расходи од дејност се повисоки за 8,4% во однос на претходната година.

Заклучно со 30.06.2022, беа ослободени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 82.380 илјади денари соодветно на подобрената структура, наплата и квалитет на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 51.218 илјади денари.

Бруто добивката на Банката заклучно со 30.06.2022 година изнесува 1.550.016 илјади денари и е зголемена за 23,5% во однос на претходната година.

Нето добивката на Банката заклучно со 30.06.2022 година изнесува 1.395.014 илјади денари и е зголемена за 23,5% во однос на претходна година.

Очекувања за претстојниот период

Во претстојниот период се очекува да се одржи макроекономската стабилност на државата, при неизвесен деловен амбиент за реалниот сектор поврзан со нарушувањата на каналите на снабдување, пазарите на енергија и инфлаторните притисоци.

НЛБ Банка АД Скопје и понатаму делува во насока на поддршка на приватниот сектор во земјата со што има значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата.

Така и понатаму во фокусот на работењето на НЛБ Банка АД Скопје ќе бидат дигитализацијата и зголемувањето на дигиталната пенетрација на клиентите, поддршката на клиентите преку зајакнување на улогата на контакт-центарот, како и при продажбата на различни банкарски производи, проширување на палетата на производи и услуги и зголемување на квалитетот на услугите со што се очекуваат уште подобри резултати во клучните сегменти од работењето на Банката.

Банката во континуитет обезбедува поддршка на стопанството преку проширување на понудата за стартап – компаниите, учество во раните фази од процесот на создавање на стартап-компаниите, како и нивна дигитализација.

Дополнително препознавајќи ги ризиците од климатските промени, Банката зазеде проактивен став преку дадениот акцент на „зелените кредити“ – кредитирање во области за производство на електрична енергија од обновливи извори, намалување на загадувањето и подобрување на животната средина.

Човечките ресурси во Банката како главен столб на квалитетното работење, како и на развојот на информативниот систем на Банката и понатаму ќе бидат стратешки цели на Банката.

Домашни банки

Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Објавено

на

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Популарно